OBJ_BUCH-2509-002.book Page 213 Tuesday, October 25, 2016 2:36 PM
електрични алати не се предвидени за повисок број на
вртежи за малите електрични апарати и може да се
скршат.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за
вклучување/исклучување и ставете го во позиција
Исклучено, доколку се прекине напојувањето со
струја, на пр. по снемување струја или влечење на
струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите
неконтролирано рестартирање на уредот.
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
оладат. Плочите за време на работењето стануваат
многу жешки.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Приклучете го електричниот апарат на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Безбедносни напомени за напојувањето со
енергија на високофреквентни алати
Безбедносните и работните напомени за
претворачот на фреквенции мора строго да се
почитуваат! Подетални податоци за тоа ќе добиете од
производителот на претворачот на фреквенции.
Претворачот на фреквенции мора да се обезбеди со
заштитен уред со диференцијална струја, кога
сакате да го користите во околина, каде е потребна
особена заштита на лицата. Особената заштита на
лицата е на пример неопходна при работа во влажни
простории или со материјал, каде што може да се
создаде спроводлива прав. Откажувањето на
заштитниот уред со диференцијална струја може да
доведе до удар, опасност од пожар или сериозни
повредувања.
Заштитниот уред со диференцијална струја смее да
биде вградуван во мрежата за напојување со струја
само од страна на стручен персонал. Само така може
да биде загарантирана беспрекорна функција.
Bosch Power Tools
Излезниот напон и фреквенција на претворачот на
фреквенции мора да одговараат со податоците на
спецификационата плочка на високофреквентниот
електричен апарат.
Електричниот апарат треба да работи исклучиво со
соодветен приклучок. CEE-приклучокот мора да биде
конструиран за номинална струја, која што е потребна
за електричниот апарат (види „Технички податоци").
Монтажата на приклучокот и приклучувањето на
снабдувањето со енергија мора да се изврши од
страна на стручен персонал, кој е обучен за
постапување со системи на високофреквентни алати.
Користете исклучиво оригинален кабел! Пред секое
користење на електричниот апарат проверете дали
е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот и
приклучокот не смеат да се поправаат, туку мора да се
заменат, за да се избегнат опасности.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за брусење и
отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
тела.
Смее да се користат исклучиво испорачаните или
одобрените заштитни хауби и затегнувачки навртки за
овој електричен апарат.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Брусни тела
2 Заштитна хауба за брусење
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Вретено за брусење
5 Приклучна прирабница
6 Стезна навртка
7 Клуч со два отвори за затезната навртка
8 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
9 Вилушкаст клуч во приклучната прирабница
10 Кабелска уводница (CEE-приклучок)
11 Додаток за приклучок (CEE-приклучок)
12 Завртки (CEE-приклучок)
13 Завртки во додаток за приклучок 11 (CEE-приклучок)
14 CEE-приклучок
Македонски | 213
1 609 92A 36J | (25.10.16)