Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да
стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат
додека е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни
инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со
направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се
обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и
оштетувања.
Не користете скршени или изобличени сечила.
Убодни резови без претходно дупчење се возможни кај
меки материјали (дрво, лесни градежни материјали за
ѕидови). Кај поцврсти материјали (метали) мора првин
да се направи дупка која ќе одговара на димензијата на
пилата.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем AEG 18 V за полнење на
батерии од AEG 18 V систем. Не користете батерии од
друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече
при екстремен напон или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и
вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа убодна пила сече дрво, пластика и метал; може да
сече прави линии, кривини и внатречни отсечоци.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
98
МАКЕДОНСКИ
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под
"Технички податоци" опишаниот производ е во склад со
сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU
(RoHS), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-11:2010
EN 55014-1:2017
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Winnenden, 2018-07-25
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката
документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
ЗАШТИТА ОД ПОВТОРНО СТАРТУВАЊЕ
Уредот е снабден со заштита против рестарт.
Ова го спречува неочекуваниот почеток на вклучениот
електричен алат, кога батеријата е вметната во
електричниот алат. Исто така, се спречува
рестартирањето на вклучениот алат по прекин на
струјата поради неисправност.
Кога листот за пила е надвор од работното парче,
исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат,
за да продолжите да работите.
Кога листот за пила е внатре во работното парче,
почекајте додека листот за пила не запре.
Отстранете ја батеријата и потоа извлечете го листот за
пила од сечењето.
Исклучете го електричниот алат, вметнете ја повторно
батеријата во алатот и вклучете го алатот за да
продолжите да работите.
МАЗЕН СТАРТ
Електронски контролиран мазен старт за безбедно
користење кој штити од почетното нагло задвижување
на машината.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Користете само AEG додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на
адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во
стандардната, а достапна е како додаток.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
n
Ударен момент при не оптовареност (на слободно)
0
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
99