Dremel MOTO-SAW MS20 Traducción De Las Instrucciones Originales página 115

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 46
пред повторната употреба. Многу несреќи биле
предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во склад со овие упатства, земајќи
ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
СЕРВИСИРАЊЕ
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО МАШИНАТА
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ПИЛИ
a. Електричниот алат допирајте го само на
изолираните делови кога извршувате работи
при кои алатот за сечење може да дојде во
контакт со скриени електрични водови или со
сопствениот мрежен кабел. Опремата за сечење
која ќе дојде во допир со жица под напон, може
да предизвика изложените метални делови од
електричниот алат да дојдат под напон и да
предизвика електричен шок за операторот.
b. Рацете држете ги подалеку од зоната на сечење.
Не се пресегнувајте под работното парче.
Контактот со листот на пилата може да доведе
до повреди.
c. Машината употребете ја врз работното парче
дури откако ќе ја вклучите. Инаку постои
опасност од повратен удар кога алатот за
сечење ќе се заглави во работното парче.
d. Кога сечењето ќе заврши, исклучете ја машината
и потоа извлечете го сечилото од засечокот
дури откако ќе се смири. На овој начин можете
да избегнете повратен удар и можете безбедно
да ја одложите машината.
e. Користете само остри, беспрекорни сечила за
пила. Искривените или тапи сечила можат да се
скршат или да предизвикаат повратен удар.
f.
Не запирајте го сечилото со примена на
страничен притисок после исклучувањето.
Сечилото од пилата може да се оштети, да се
скрши или да предизвика повратен удар.
g. Користете соодветни детектори за да утврдите
дали во работното подрачје има скриени
инсталации, или побарајте помош од локална
фирма за електродистрибуција. Контактот со
електрични водови може да доведе до пожар и
електричен шок. Оштетувањето на гасоводната
инсталација може да доведе до експлозија.
Продирањето на вода може да предизвика
оштетување на имотот или електричен шок.
h. Прицврстете го работното парче. Работното
парче кое е прицврстено со уред за притегање
или кое е ставено на менмеге, е побезбедно
отколку кога се држи со рака.
i.
Рацете нека Ви бидат чисти. Мешањето на
материјали е посебно опасно. Правот од лесни
легури може да се запали или да експлодира.
j.
Секогаш почекајте машината потполно да се
смири пред да ја положите. Вметнатата алатка
може да се заглави и да доведе до губење на
контролата над електричниот алат.
k. Никогаш немојте да ја користите машината со
оштетен кабел. Не допирајте го оштетениот
кабел и извлечете го приклучокот од штекерот
кога кабелот ќе се оштети за време на
работењето. Оштетените кабли го зголемуваат
ризикот од електричен удар.
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
РАБОТНАТА МАСА
Изразот „електричен алат" во предупредувањата се
однесува на електричниот алат кој се приклучува на
електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат
со батерија (без кабел).
a. Исклучете го прилучокот од изворот на струја
и/или патронот со батеријата од алатот пред
да правите какви било приспособувања или
менување на приборот. Случајното вклучување
на електричниот алат е причина за многу
несреќи.
b. Правилно монтирајте ја работната маса пред да
го монтирате алатот. Правилното монтирање е
важно за да се спречи ризикот од уривање.
c. Безбедно прицврстете го алатот за работната
маса пред да почнете со употребата.
Електричниот алат кој „шета" по работната
маса може да предизвика губење на контролата.
d. Работната маса поставете ја на цврста, рамна
и нивелирана површина. Ако работната маса
се лизга или се клати, електричниот алат или
работното парче не можат да бидат стабилно и
безбедно контролирани.
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
И СИТЕ УПАТСТВА ПРИЛОЖЕНИ СО РАБОТНАТА МАСА
И ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ МОНТИРА.
Ако не се следат предупредувањата и упатствата,
може да дојде до струен удар, пожар и/или сериозна
повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно
користење.
НЕМОЈТЕ ДА РАБОТИТЕ СО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
МАТЕРИЈАЛИ ШТО СОДРЖАТ
АЗБЕСТ (АЗБЕСТОТ СЕ СМЕТА ЗА КАНЦЕРОГЕН).
ПРЕЗЕМЕТЕ ЗАШТИТНИ МЕРКИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
АКО ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА СЕ
СОЗДАДЕ ПРАШИНА КОЈА Е ШТЕТНА ПО ЗДРАВЈЕТО,
ЗАПАЛЛИВА ИЛИ ЕКСПЛОЗИВНА (некои видови
прашина се сметаат за канцерогени); носете заштитна
маска против прашина и користете правосмукалка/
смукалка за отпадоци, ако може да се приклучи.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ
Алатот, приборот и амбалажата треба да се сортираат
заради еколошки поволното рециклирање.
115

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Moto-sawMs20

Tabla de contenido