2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Запознајте се со
командите и правилното
користење на машината.
Научете брзо да ја запирате
машината. Непридржувањето
кон предупредувањата и
кон упатството може да
предизвикаат изгореници
и/или сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да
ја употребуваат машината, или
други лица што не се запознаени
со основните упатствата.
Локалните законски прописи ја
одредуваат минималната возраст
на корисникот.
• Никогаш не користете ја
машината доколку корисникот
е во состојба на замор или
изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други
штетни супстанци што влијаат
врз капацитетот за навремено
реагирање или внимание.
• Имајте на ум дека корисникот
е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или
нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа
и проценката на можните ризици
на теренот каде треба да се
работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки
за да ја гарантирате својата,
но и безбедноста на другите
особено на закосени, нерамни,
лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во
опкружувањето на машината
има други лица, проверете
дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во
ова упатство.
2.2 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Систем за лична
заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна заштитна
облека посочена како облека за
заштита при косење, ракавици
против вибрации, шлем,
заштитни очила, заштита од
прав, акустична заштита и чевли
со заштита од сечење и лизгање.
• Употребата на акустична
заштита ја намалува можноста
да ги слушнете можните
предупредувања (повикување
или аларми). Обрнувајте
исклучително внимание на
она што се случува околу
областа за работа.
• Не носете марами, наметки,
ремени, бразлетни, облека со
лелеави делови или со врвки и
врски и слични додатоци што
висат или се долги и би можеле
да се закачат за машината или
за предмети и материјали кои
се производ на работата.
• Соодветно приберете ја
косата доколку е долга.
Област за работа/машина
•
Проверете ја темелно
целата површина за
работа и отстранете сè
што би можело да биде
исфрлено од машината
и да ги оштети уредот за
сечење/ротирачки делови
(камења, гранки, железни
остатоци, коски, итн.).
2.3 ВО ТЕКОТ НА
РАБОТАТА
Област за работа
• Не користете ја машината во
средина каде постои ризик
од експлозија, во присуство
на запаливи материи, гасови
или нечистотија. Електричните
MK - 2