OBJ_BUCH-3033-001.book Page 187 Friday, September 30, 2016 11:26 AM
рака во правец на стрелките на часовникот додека
целосно не се вклопи. Со тоа, главата за дупчење
автоматски се заклучува.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 21 во
правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа
може да се затвори алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 36 V-LI) (види слика I)
– Држете ја цврсто задната чаура 22 на брзозатезната
глава за дупчење и свртете ја предната чаура 21 на
истата во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не се извади алатот.
Ставање на алат за вметнување без SDS-plus
(GBH 36 VF-LI) (види слика J)
Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно
дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за
дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното
дупчење или длетување.
– Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење
1.
– Држете го цврсто затезниот прстен 25 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 24, додека не дојде
во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто
држете го затезниот прстен 25 и вртете ја предната
чаура 24 во правец на стрелката, додека не слушнете
дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 24 во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори
алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
11 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus
(GBH 36 VF-LI) (види слика K)
– Држете го цврсто затезниот прстен 25 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 24 во правец на
стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се
извади алатот.
Вшмукувач за прав со GDE 16 Plus (опрема)
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Bosch Power Tools
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
За вшмукување на правта потребен ви е GDE 16 Plus
(опрема).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
– Прекинувачот за правец на вртење 8 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
– Наполнетата батерија 17 притиснете ја однапред
навнатре во подножјето на електричниот апарат.
Целосно вметнете ја батеријата во подножјето, додека
црвената линија не исчезне и додека батеријата не се
заклучи.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 11
изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 10 и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи 11 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Македонски | 187
1 609 92A 2CT | (30.9.16)