Ferm TDM1026 Traducción Del Manual Original página 78

Tabla de contenido

Publicidad

Број на вртежи, брзина на ротација, помест
Поместот – надолжно поместување на бургијата
- се одржува рачно, со рачката со 3 краци.
Брзината на ротацијата е определена со бројот
на вртежите на вретеното и со пречникот на
бургијата. Правилниот избор на поместот и
бројот на вртежите на бургијата се одлучувачки
фактори за трајноста на бургијата. Следното е
како основно правило: со поголем пречник на
бургијата, бројот на вртежите треба да е помал;
ако работното парче е потврдо, потребен е
поголем работен притисок.
За да не се прегрее бургијата, во ваков случај,
поместот и брзината на ротација во исто време
мораат да се намалат . Покрај тоа, бургијата
мора да се лади со емулзија. Кај тенки плочи,
длабоки дупчења, дупчењето треба да се
изведува внимателно, со мали помести и мал
притисок, за да се добијат прецизни резултати
и дупчењето да остане со точна големина. За
длабоко дупчење (повеќе од 2xd) исфрлањето
на струшката е отежнато, а температурата на
бургијата е висока. Затоа намалете го поместот
и бројот на вртежите и обезбедете подобро
исфрлање на струшката со вадење на бургијата.
За дупчење на пречници поголеми од 8 mm,
треба да се направи пред дупчење, за да се
избегне предвремено трошење на врвот на
бургијата поради голем притисок.
5. ОДРЖУВАЊЕ
Уверетеседекамашинатае
исклученакогагоодржувате
моторот.
Оваа машина е конструирана да работи
долг период со минимално одржување.
Непрекинатото успешно работење зависи од
грижата на машината и редовното чистење.
Чистење
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за
да се спречи прегревање на моторот. Редовно
чистете го куќиштето со мекана крпа, по
можност после секое користење. Чувајте ги
отворите за вентилација чисти, без прашина.
Ако нечистотијата не се вади, употребете
мекана крпа навлажнета со вода со сапуница.
Никогаш не користете растворувачи како
78
бензин, алкохол, амонијчна вода итн. Овие
растворувачи можат да ги оштетат пластичните
делови. Исчистете го алатот веднаш после
користење.
Подмачкување
Секое лежиште на машината е фабрички
подмачкано. Не е потребно дополнително
подмачкување. Од време на време, треба да
се подмачка запчаникот и назабената летва,
механизмот за кревање на масата, вретеното и
назабувањето на шупливото вратено. Отворете
го какакот на ременот и турете малку масло на
вратилото. Маслото не смее да се нанесе на
ременот!
Откази
Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на
дел, обратете се на адресата на сервисот
од гарантната картичка. На позадината на
упатствово ќе најдете експозиционен преглед
со прикажани делови кои можат да се нарачаат.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
За да се спречи оштетување за време на
транспортот, уредот се испорачува во тврдо
пакување кое се состои од материјал за
еднократна употреба. Затоа ве молиме да
ги користите опциите за рециклирање на
амбалажата.
 О штетении/илиискористени
електричнииелектронскиуреди
морадаседепонираатвостанициза
рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад.
Според Европското Упатство 2012/19/ EU за
отпадна електрична и електронска опрема и
неговата имплементација во националното
право, електричните алати кои веќе не се
употребливи мораат да се собираат одделно и
да се отстрануваат на еколошки начин.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido