OBJ_BUCH-2787-001.book Page 178 Monday, December 12, 2016 9:22 AM
178 | Македонски
Вклучете го одвртувачот со додаток за ножици за трева дури
тогаш, кога дланките и стапалата се оддалечени од сечилото.
Грижливо негувајте го одвртувачот со додаток за ножици за трева.
Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно
и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја
попречи функцијата на одвртувачот со додаток за ножици за
трева. Поправете ги оштетените делови пред користењето на
одвртувачот со додаток за ножици за трева. Причина за многу
несреќи се лошо одржуваните електрични алати и додатоци.
Внимание! Откако ќе се исклучи одвртувачот со додаток за
ножици за трева, сечилото продолжува да се движи уште неколку
секунди.
Внимание! Не го допирајте сечилото што се движи.
Држете го одвртувачот со додаток за ножици за трева
подалеку од дожд или влажност и заштитете го
електричниот алат од топлина, на пр. исто така и од
постојана сончева светлина.
Никогаш не го употребувајте одвртувачот со додаток за ножици
за трева, ако во непосредна близина има лица, особено деца или
домашни животни.
При незгода веднаш обезбедете медицинска нега и прва помош.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Додатокот за ножици за трева во поврзување со батерискиот одвртувач
IXO е наменет за лесно сечење на трева, рабови на тревници и грмушки.
Додатокот за ножици за трева смее да се користи само во комбинација со
следниве електрични алати:
– Bosch IXO (3 603 J81 0.., 3 603 JA8 0..)
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на
електричните апарати на графичката страница.
1 Додаток за ножици за трева
2 Сечило
3 Заштита за нож
4 Штитник
1 609 92A 28R | (12.12.16)
Bosch Power Tools