Сечење Со Влечење - Bosch GCM 8 SJL Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 8 SJL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 45
OBJ_BUCH-1736-005.book Page 265 Thursday, December 8, 2016 10:59 AM
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 1
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 33, доколку истата е затегната.
– По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки
14, додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 14 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика Q)
За едноставно сечење на исти делови може да го
користите граничникот за должина 37 (опрема).
Граничникот за должина може да го монтирате на двете
страни на продолжетокот на масата за пила 13.
– Олабавете ја завртката за блокада 51 и преклопете го
граничникот за должина 37 над завртката за затворање
52.
– Повторно затегнете ја завртката за фиксирање 51.
– Поставете го продолжетокот на масата за пила 13 на
саканата должина (види „Продолжување на масата за
пилата", страна 262).
Подесување на граничникот за длабочина
(сечење на жлеб) (види слика R)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина 32 кон надвор.
– Притиснете на прекинувачот за блокада 9 и навалете го
кракот на алатот во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување 4 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 32.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од склизнување.
На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу
делот што се обработува, граничната водилка и масата за
пила.
Доколку е неопходно. мора да припремите специјални
држачи.
Bosch Power Tools
Проверка на основните поставки и подесување
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот уред треба да биде приклучен на
напојување со струја.
 Никогаш не го активирајте прекинувачот за
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
рачката на апаратот). Невнимателниот старт на
електричниот апарат може да доведе до повреди.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 15 до жлебот 24 за 0°. Лостот
21 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот 40.
Проверете: (види слика S1)
– На делот што се обработува нацртајте права линија за
сечење.
– Притиснете го прекинувачот за блокада 9 и полека
водете го кракот на алатот со рачката 8 надолу.
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што,
запците од листот на пилата ќе се израмнат со линијата
за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа
позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на
линијата на сечење на делот што се обработува, дури и
кога рачката на апаратот ќе се води надолу.
Поставување: (види слика S2)
– Свртете го шрафот за поставување 53 со соодветниот
одвртувач додека ласерскиот зрак не дојде во паралела
со целокупната должина на линијата на сечење на делот
што се обработува.
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Македонски | 265
1 609 92A 2NV | (8.12.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido