правилна употреба батеријата може да се наполни до
3000 пати.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана
подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5
циклуси на полнење и празнење. Батериите треба да се
дополнат, дури откако LED-приказот „Наполнетост на
батеријата" на електричниот алат свети црвено.
Ставање и вадење на батеријата
Притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (13) во средна позиција. Ова го фиксира
прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во
позиција Исклучено, со што се спречува невнимателното
вклучување на електричниот алат.
Вметнете ја наполнетата батерија (18) во дршката на
електричниот алат.
Внимавајте на тоа, батеријата да ја ставите во правилна
позиција, и копчињата за отклучување (17) да се
притиснат на дршката на електричниот алат.
Не употребувајте сила при ставање/вадење на
u
батеријата. Батерии со APT-контакт за приклучување
(Akku Pack Top) се конструирани на тој начин, што
може да се стават само во правилна позиција во
електричниот алат или полнач.
За да ја извадите батеријата (18) притиснете на двете
страни на копчињата за отклучување (17) и извлечете ја
батеријата надолу од дршката.
Замена на алатот кај завртка со
брзозатегнувачката глава (види слика B)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
BT-EXACT
2 | 4 | 6 | 7 | 8 | 9 |12
Серијата BT-EXACT се испорачува со 1/4"-брзо
променлива глава (SWF
1/4").
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6
За овие индустриски батериски аголни одвртувачи
предвидена е и аголна глава на одвртувачот со 1/4"-брзо
променлива глава (број на артикл 0 607 453 631).
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15
За овие индустриски батериски аголни одвртувачи
предвидена е и аголна глава на одвртувачот со 1/4"-брзо
променлива глава (број на артикл 0 607 453 630).
Ставање на алатот за вметнување
Извлечете ја брзо променливата глава (25) нанапред.
Ставете го алатот за вметнување (1) во прифатот за алат
(2), и повторно олабавете ја брзо променливата глава.
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
вметнување (1/4"-шестаголна глава).
Не се обидувајте да ја ставите дупчалката во оваа брзо
променливата глава.
Индустриските батериски аголни одвртувачи и
индустриските батериски одвртувачи со исклучна спојка
Bosch Power Tools
не се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и
без предупредување да се исклучи. Доколку продолжите
да дупчите по исклучување на спојката, електричниот
алат може да се повлече од дршката, додека исклучната
спојка одново не се притисне.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја брзо променливата глава (25) нанапред.
Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат
(2) и повторно олабавете ја брзо променливата глава.
Замена на алатот кај завртка со надворешна
четириаголна глава
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15
За овие индустриски батериски аголни одвртувачи е
предвидена аголна глава за одвртувачот со 1/4"-
четириаголна (број на артикл 0 607 453 617) како и
аголна глава за одвртувачот со 3/8"-четириаголна (број
на артикл 0 607 453 620).
BT-ANGLEEXACT
2 | 7 | 17 | 23 | 30
За овие индустриски батериски аголни одвртувачи
предвидена е и аголна глава на одвртувачот со 3/8"-
четириаголна (број на артикл 0 607 451 618).
Ставање на алатот за вметнување
Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната глава
на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал
одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
Вадење на алатот за вметнување
Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот што
се вметнува (1) и извлечете го алатот за вметнување од
прифатот за алат (2).
Замена на алатот кај завртка со внатрешна
четириаголна глава (види слика C)
При ставањето на алатот за вметнување,
u
внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот
за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто
поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да
се случи да не може да се контролира.
BT-ANGLEEXACT
2 | 3 | 6 | 7 | 8 | 15
За овие индустриски батериски аголни одвртувачи
предвидена е и аголна глава на одвртувачот со 1/4"-
внатрешна шестоаголна глава 0 607 453 618).
Ставање на алатот за вметнување
Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната
шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не се
вклопи.
Македонски | 273
1 609 92A 5P3 | (06.04.2020)