Gorenje WHU629EX/S Manual De Instrucciones página 74

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
РАБОТА
Користете ја најголемата брзина за издувување во случај на концентрирана кујнска пареа. Се препорачува
издувувањето на аспираторот да се вклучи 5 минути пред готвење и да го оставите да работи за време на готвењето
и околу 15 минути по завршување на готвењето.
За да го вклучите или исклучите светлото на вентилаторот
Притиснете го копчето A.
За да го вклучите вентилаторот или да ја промените брзината во секое време кога вентилаторот работи
• Притиснете го копчето C за прво, второ или трето ниво на брзина, како што се бара.
За да го исклучите вентилаторот
Притиснете го копчето B.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ! Пред извршување на било каква операција за одржување, исклучете го аспираторот од
електричната мрежа со исклучување на приклучокот и отстранување на приклучниот осигурувач.
Или ако уредот е поврзан преку приклучок и штекер, тогаш приклучокот мора да се отстрани од штекер.
Чистење
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата зачестеност со која се врши одржувањето на филтерот за
маснотии) внатрешно и надворешно. За чистењето користете крпа навлажнета со неутрален течен детергент. Не
користете абразивни производи. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако не се спроведуваат основните препораки за чистење на аспираторот и замена на
филтрите, може да се јави ризик од пожар. Затоа, препорачуваме придржување кон предложените упатства.
Одбиваме секаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан со несоодветно
одржување или непочитување на наведените упатствата.
Филтри
Металниот филтер за маснотии ги задржува масните честички од готвењето. Филтерот за маснотии треба да се
чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење садови, на ниска температура и во
краток интервал. Кога се мие во машина за миење садови, металниот филтер за маснотии може да ја изгуби бојата,
но тоа не влијае врз неговите карактеристики на филтрирање. За да го отстраните филтерот за маснотии, повлечете
ја рачката за ослободување.
Хартиениот (синтетички) филтер за маснотии треба да се менува најмалку еднаш на секои два месеци или кога
бојата станува видлива преку дупките на решетката. Филтер хартијата е обоена од едната страна. Оваа боја не
треба да се гледа низ дупките на решетката кога ќе се постави филтерот.
Филтерот со јаглен (само кај моделот со филтер) апсорбира непријатни миризби предизвикани од готвење. До
заситување на филтерот со јаглен доаѓа по подолга употреба, во зависност од типот на готвење и редовноста на
чистењето на филтерот за маснотии. Во секој случај, потребно е филтерот да се менува најмалку на секои четири
месеци. Филтерот со јаглен НЕ смее да се мие или да се обновува.
Замена на сијалиците
Аспираторот е опремен со систем за осветлување врз основа на ЛЕД технологија. ЛЕД диодите гарантираат
оптимално осветлување во времетраење до 10 пати подолго од традиционалните сијалици и ќе ви овозможат да
заштедите 90% електрична енергија. За замена, користете само Е14 ЛЕД светилки.
Совети за штедење енергија
1) Кога ќе почнете да готвите, вклучете го аспираторот на минимална брзина, за да ја контролирате влагата и да ја
отстраните миризбата од готвење.
2) Користете голема брзина само кога е строго неопходно.
3) Зголемете го опсегот на брзината на аспираторот само кога е неопходно поради количината на пареа.
4) Одржувајте ги филтерот/ите на аспираторот чисти, за да се оптимизира ефикасноста во однос на маснотиите и
миризбата.
74
Контролна табла
A - Копче за светло
B - Копче за исклучување
C - Копчиња за ниво на брзина

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido