158 | Македонски
Заштита од кинење (види слика D)
Заштитата од кинење (17) (опрема) може да спречи
кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
сечила за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
(7) при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад за сечење блиску до работ.
Притиснете ја заштитата од кинење (17) од долу на
основната плоча (7) (како што е прикажано на сликата,
со засекот нагоре).
Контрола на линијата на сечење Cut Control
(PST 800 PEL/PST 8000 PEL/PST 8500 PEL)
Контролата на линиите на сечење Cut Control
овозможува прецизно водење на електричниот алат долж
означената линија за сечење на делот што се обработува.
На Cut Control припаѓаат контролниот прозорец (12) со
ознаките за сечење и основата (11) за прицврстување на
електричниот алат.
Cut Control прицврстување на основната плоча
(види слика E)
Прицврстете го контролното прозорче за Cut Control
(12) во држачите на подлогата (11). Потоа лесно
притиснете ја подлогата и нека се вклопи во прифатот за
опремата на (18) основната плоча (7).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Капак (види слики F и G) (PST 800 PEL/PST 8000 PEL/
PST 8500 PEL)
Монтирајте го заштитниот капак (10), пред да го
приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.
Вметнете го заштитниот капак (10) на електричниот алат
така што средниот држач ќе се вклопи на заштитата од
1 609 92A 67V | (18.01.2021)
допир (19) и двата надворешни држачи ќе се вклопат во
процепите на куќиштето.
Извадете го заштитниот капак (10) за работење без
всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа
притиснете го капакот на висина на надворешните
држачи и извлечете го нанапред.
Приклучување на всисувач за прав
Вметнете го адаптерот за всисување (4) (опрема) на
црево за всисување (5) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување (4) со млазниците за всисување (3) на
електричниот алат и цревото за всисување (5) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
За оптимално всисување, по можност поставете ја
заштитата од кинење (17).
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако
го имате приклучено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Употреба
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
нема осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната
примена може да се одреди со практичен обид. Притоа
важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што
помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде
подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)
исклучете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало
осцилирање.
Bosch Power Tools