Bosch C-EXACT 1 Manual Del Usuario página 170

Ocultar thumbs Ver también para C-EXACT 1:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
OBJ_BUCH-1401-004.book Page 170 Wednesday, May 17, 2017 9:38 AM
170 | Македонски
на спојката, вметнете го алатот за поставување 22 во оваа
испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Извадете го алатот за поставување 22.
Турнете го лизгачот 10 повторно нанапред, за да ја
заштитите спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и може да се одреди со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со клуч за вртежен момент.
 Вртежниот момент поставете го само во наведените
граници на јачина, инаку нема да одговара на
исклучната спојка.
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување 4 може да го замените
со друг прстен за обележување во друга боја.
Притиснете го прстенот за обележување 4 со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот апарат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, исклучната спојка се отпушта. LED-приказите 6
светат зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот 6 свети црвено и се слуша
акустичен сигнал. Зашрафувањето на спојниците мора да
се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на подигање
Доколку при зашрафувањето на спојниците се отпушти
исклучната спојка, моторот се исклучува. Повторното
вклучување е возможно дури по 0,3 секунди пауза.
Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе
фиксираните спојници.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на притискање
Електричните апарати немаат заштита од рестартирање и
може повторно да се вклучат непосредно по автоматското
исклучување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Исклучете го струјниот уред PUC-EXACT од
струјната мрежа, пред да го исчистите. Така ќе
избегнете опасност од струен удар. Исклучувањето на
струјниот уред не е доволно.
1 609 92A 136 | (17.5.17)
Подмачкување на електричниот апарат
Средство за подмачкување
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Molykote маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање. На
крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Намастете ги подвижните делови на исклучната спојка по
100000 зашрафувања на спојници со неколку капки
моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги деловите
што се лизгаат и вртат со Molykote маст. Проверете дали е
изабена спојката, за да се осигурате дека нема да влијае на
повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да се
постави вртежниот момент на спојката.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
електричниот апарат.
Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги
извршува брзо и доверливо.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
Опрема
Струјните уреди од серијата PUC-EXACT може да ги најдете
кај вашиот специјализиран трговец.
За комплетната квалитетна програма на опрема може да
се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и
www.boschproductiontools.com или кај вашиот
специјализиран трговец.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Robert Bosch GmbH гарантира за договорна испорака на
овој производ во рамките на законските одредби и
одредбите во зависност од земјата. При рекламации за
производот Ве молиме обратете се на следново место:
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido