Bosch 0 607 450 794 Manual De Instrucciones página 160

Ocultar thumbs Ver también para 0 607 450 794:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 25
OBJ_BUCH-1189-002.book Page 160 Thursday, June 20, 2013 11:44 AM
160 | Македонски
црево 2 и извадете ги честичките прав и нечистотија од
филтерот. Повторно зашрафете ги цврсто спојниците
за црево.
– За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 2 треба да
притиснете на приклучниот навој на доводот за воздух
3 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
Честичките вода и нечистотија што ги
содржи компресираниот воздух може да
предизвикаат создавање на р'ѓа и
истрошеност на ламелите, вентилите итн. За
да се спречи ова, во доводот за воздух 3
треба да капнете неколку капки моторно масло. Повторно
приклучете го пневматскиот алат на напојување со воздух
(види „Приклучок на напојувањето со воздух",
страна 158) и оставете го да работи 5 –10 с, додека не го
соберете маслото што капе со една крпа. Доколку
пневматскиот алат не се користи подолго време, оваа
постапка треба да ја повторите.
Кај сите пневматски алати на Bosch, што не спаѓаат во
серијата CLEAN (специјален мотор со компресиран
воздух, кој функционира со обезмастен компресиран
воздух), компресираниот воздух што струи треба
постојано да се меша со маслена магла. Потребниот
подмачкувач за компресиран воздух се наоѓа на
единицата за одржување на компресиран воздух на
пневматскиот алат (деталите за тоа може да ги добиете кај
производителите на компресори).
За директно подмачкување на пневматскиот алат или за
мешање на единицата за одржување треба да користите
моторно масло SAE 10 или SAE 20.
По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање. На
крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Ламелите на моторот треба редовно да се контролираат од
стручен персонал и доколку е потребно да бидат
заменети.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
пневматскиот алат.
Опрема
За комплетната квалитетна програма на опрема може да
се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и
www.boschproductiontools.com или кај вашиот
специјализиран трговец.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на пневматскиот алат.
3 609 929 C64 | (20.6.13)
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Пневматскиот алат, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
 Материјалот за подмачкување и чистење
отстранете го на еколошки прифатлив начин.
Внимавајте на законските прописи.
 Прописно отстранете ги ламелите од моторот!
Ламелите од моторот содржат тефлон. Не загревајте
над 400 °C, бидејќи може да настане пареа која е
штетна по здравјето.
Доколку вашиот пневматски алат повеќе не може да се
употребува, предадете го во продавницата или пратете го
директно на (внимателно спакуван):
Центар за рециклажа на електрични алати
Osteroder Landstr. 3
37589 Kalefeld
Се задржува правото на промена.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 450 7950 607 450 serie

Tabla de contenido