ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
АПАРАТ ЗА ПОЛНЕЊЕ
Скала на волтажа .............................................................................. 28 V
Тек на брзо полнење ........................................................................ 3,5 A
Време потребно за полнење на батеријата ...........................1 h
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 .................................. 700 g
Препорачана температура на околината при полнење ......... +5...+40 °C
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и
инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги
собираат старите батерии, со што ја штитат нашата
околина.
Следните батерии може да се полнат со овој полнач:
волтажни
јачина на број на келии
на батерија
батерија
(на резервна
батерија)
28 V
M28 BX
≤ 3,0 Ah
2 x 7
28 V
M28 B5
≤ 5,0 Ah
2 x 7
Со овој полнач не се обидувајте да полните батерии кои
не се напојуваат.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети
(ризик од краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за
полнење на батерија (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и
чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Клемите полначот на батеријата се напојуваат директно
од главниот извор. Не го допирајте алатот со предмети
кои се проводници на струја.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги со нови.
Пред употреба проверете дали машината, кабелот и
приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се
поправки исклучиво од авторизираниот сервис.
Овој апарат не смее да се
опслужува или чисти од страна
на лица кои што располагаат со
намалени телесни, сензорни или
душевни способности односно
недостаток на искуство или
знаење, освен ако не биле
обучени за безбедно опходување
со апаратот од страна на лице
кое што е според законот
одговорно за нивната
безбедност. Горе наведените
лица треба да се набљудуваат
при употреба на апаратот. На
апаратот не му е место крај
58
МАКЕДОНСКИ
деца. Затоа при негова
неупотреба апаратот треба да се
чува безбедно и вон дофат на
деца.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Брзиот полнач може да полни Milwaukee батерии од
M28, V28 Li-ion, M28, V28 System
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
LI-ION БАТЕРИИ
Батериите кои можат да се полнат делумно полни и
доаѓаат во неоперативна состојба. Пред првата
употреба задолжително е истите да се активираат со
нивно кратко приклучување на полначот. ЛЕД на
батериите ја прикажува состојбата при полнењето.
Доколку не се користени подолг период, батерии кои
можат да се полнат преминуваат во неоперативна
состојба и треба да се реактивираат пред повторна
употреба.
Наполнетоста на батериите може да се прочита со
притискање на копчето на самата батерија. Таа може да
се остави во електричниот апарат додека се проверува
состојбата при полнење, но мора да се извадат најмалку
една минута пред крајот (бидејќи дисплејот нема да
дава точни вредности). Бројот на ЛЕД диоди вклучени ја
означува наполнетоста.
Општо правило е доколку електричниот апарат не
работи по ставањето на батеријата, тогаш таа треба да
се стави во полначот. Дисплејот на батеријата и
полначот тогаш ќе дадат информација за состојбата на
батеријата.
При ниски температури може да се успори работата.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора
да бидат целосно наполнети.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
КАРАКТЕРИСТИКИ
По поставувањето на батеријата во лежиштето на
полначот, таа ќе започне автоматски да се полни (
црвеното ЛЕД светло останува вклучено)
Ако во полначот поставите премногу ладна или
прегреана батерија (трепкање на црвената светилка), тој
автоматски ќе започне да ги полни истите откако
батеријата ја постигнала соодветната температура за
напојување (0°C...65°C). Максимален проток на енергија
при полнење се постигнува кога температурата на
батериите е меѓу 0оС и 65оС.
Полнењето на батеријата трае меѓу 1 и 60 минути (при
1,4Аh), зависно од степенот на испразнетост на
батеријата.
Кога батеријата целосно ќе се наполни , ЛЕД светлото
на полначот се менува од црвено во зелено и Лед
светилките на батеријата се гасат.
Нема потреба да се извади батеријата од полначот
откако ќе биде наполнета. Батеријата може да остане во
полначот без опасност истата да биде пренаполнета.
Доколку обете ЛЕД трепкаат наизменично, значи дека
батеријата која може да се полни, или не е добро
наместена, или е неисправна таа или полначот.
Извадете ги полначот и батеријата веднаш заради
безбедности причини и однесете ги кај овластениот
Милвоки сервис.
При преоптоварување на машината трепкаат сите LED
8x. За да продолжите со работа, исклучете ја машината
и повторно вклучете ја.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со
цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да се
замени исклучиво во специјализираните продавници
препорачани од производителот, бидејки се потребни
алати специјално за таа намена.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на
артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на
етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник
или директно кај: Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не го горете искористениот батерискиот
сколоп.
Не полнете оштетените батерии. Заменете ги
со нови.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Електрично орудие од заштитната категорија
II.
3,15 A бавно удар осигурач
T3.15A
СЕ-знак
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
Regulatory Compliance Mark (RCM).
Производот ги исполнува важечките прописи.
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
59