Регулација На Висината На Косењето; Употреба На Машината; Воведни Операции; Безбедносни Контроли - Stiga MCS 470 Li 80 Serie Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 142
Активиран погон.
За да ја придвижите машината:
a. Притиснете една од двете рачки
за присуство на операторот
(сл.16.A) кон ракофатот.
b. Повлечете една од двете рачки
за вклучување на погонот
(сл.16.В) кон ракофатот.
Може да ја регулирате брзината на движење
со помош на копчето за избор (сл.17.С).
Може да се изберат 6 различни нивоа на брзина.
Максимална брзина (околу 5 км/ч).
1.
2.
Минимална брзина (околу 2,5 км/ч).
Со секои две „поместувања" на копчето за избор
(сл.17.С) доаѓа до менување на брзината на
движење што се гледа на екранот прикажано
со индикаторот со цртички (сл.17.С1).
ЗАБЕЛЕШКА Последното избрано ниво на брзина
останува наместено и по гаснење на машината.
ВАЖНО За да избегнете оштетување
на преносот, избегнувајте да ја влечете
машината назад со вклучен погон.
5.3.4
Копче „ЕКО"
Функцијата „ЕКО" овозможува заштеда на
енергија во текот на косењето на тревата и
оптимална автономија на батеријата.
Притиснете го копчето (сл.17.D) за да ја активирате
или дезактивирате функцијата „Еко".
Кога функцијата е активна, на екранот
се прикажува индикацијата „Е".
Оваа функција се дезактивира секојпат кога ќе
се пушти рачката за присуство на оператор.
ЗАБЕЛЕШКА Употребата на функцијата „ЕКО"
не се препорачува во услови на отежнато косење
(косење на густа, висока или мокра трева).
5.4
РЕГУЛАЦИЈА НА ВИСИНАТА НА КОСЕЊЕТО
Со подигање и спуштање на шасијата, тревата
може да се коси на различни висини.
Изведувајте ја операцијата кога уредот со
сечивото мирува.
Регулацијата на висината за косење се изведува
со помош на дадените рачки (сл.18.A).
Сите четири тркала треба да се
регулираат на иста висина.
6.
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Безбедносните одредби што треба да
ги следите се дадени во поглавје 2. Строго
придржувајте се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
6.1
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
Пред да започнете со работа, неопходно е да
спроведете серија контроли и операции за
да обезбедите дека работата ќе се одвива на
ефикасен начин и со максимална безбедност:
Уверете се дека безбедносниот
клуч не е на своето место.
Ставете ја машината хоризонтално
и стабилна на теренот.
6.1.1
Контрола на батеријата
Пред да ја користите машината за првпат
по купувањето, оставете батеријата да
се наполни до крај согласно насоките
дадени во упатството за батеријата.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата
на полначот за батеријата следејќи ги насоките
посочени во упатството за батеријата.
6.1.2
Подготовка на машината за работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина дозволува косење на
тревникот на различни начини. Пред да започнете
со работа, потребно е да ја поставите машината
во правецот како што имате намера да косите.
a.
Подготовка за косење и дробење на
тревата (функција „сечкање"):
1. Кај моделите со страничен испуст: проверете
дали заштитата со страничниот испуст
(сл.19.A) е спуштена.
b.
Подготовка за косење и страничен
испуст на тревата врз земјата:
1.
Подигнете ја заштитата за страничниот
испуст (сл.20.А) и ставете го дефлекторот
на страничниот канал (сл.20.В) како
што е прикажано на сликата.
2.
Затворете ја заштитата со страничниот
излез (сл.20.A) за да може да се блокира
дефлекторот со страничниот испуст (сл.20.B).
6.1.3
Регулација на висината на косењето
Регулирајте ја висината на косење како
што е посочено во (пасус 5.4).
6.2
БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
MK - 7

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido