СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа мобилна правосмукалка е дизајнирана, развиена и внимателно
тестирана за ефикасно и безбедно работење, под услов кога правилно се
одржува и се користи во согласност со следните упатства.
Апаратот е наменет само за комерцијално користење, на пр. во хотели,
училишта, болници, фабрики, продавници, канцеларии или за изнајмување.
Апаратот е исто така погоден и за индустриско користење, на пр. во фабрики,
градилишта или во работилници.
Несреќите, како резултат на неправилното користење можат да бидат
спречени само од страна на корисникот.
Апаратот е погоден за всмукување на сув, не запалив прав и на течности.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
ВШМУКУВАЊЕ НА СУВИ МАТЕРИИ
Претпазливо
Вшмукување на материи кои се штетни за околината.
Кога се вшмукуваат такви материи, тоа може да значи опасност за околината.
Внимателно исфрлувајте ги вшмуканите материи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој апарат не е наменет за всмукување на опасни
видови прав!
Отстранете ја батеријата пред да испразните по сувото вшмукување.
Филтри: Проверете ги филтрите. Филтерот можете да го тресете, четкате или
миете за да го исчистите. Почекајте додека филтерот не се исуши пред
повторно да започнете со суво вшмукување.
Торба за прашина: Проверете ја торбата за да утврдите колку е полна.
Доколку е потребно, заменете ја торбата за прашина. Отстранете ја старата
торба. Нова торба се поставува така што го навлекувате картонскиот дел со
гумената мембрана врз млазницата за вшмукување. Осигурите се дека
гумената мембрана поминува врз повишувањето на млазницата за
вшмукување.
После празнење: Повторно поставете го горниот дел од моторот врз
резервоарот и прицврстете го со затворачот. При суво вшмукување, во
апаратот секогаш треба да има филтер. Капацитетот на вшмукување на
апаратот зависи од големината и квалитетот на филтерот и на торбата за
прашина. Поради тоа секогаш користете оригинални филтри и торби за
прашина.
РЕЖИМ ВЛАЖНО ВШМУКУВАЊЕ
• Не вшмукувајте запаливи течности.
• Пред вшмукување течности, секогаш вадете ја филтер торбата или торбата
за еднократна употреба и проверувајте дали системот од пловакот
правилно функционира.
• При формирање на пена, веднаш прекинете со работење и испразнете го
резервоарот.
• Претпазливо Редовно чистете го системот од пловакот и проверувајте го
за оштетувања.
Отстранете ги СИТЕ нечистотии од резервоарот.
Извадете го филтерот. Осигурајте се дека куќиште на пливката останува на
место.
Куќиште на пливката
Вклучете ja правосмукалката и почнете да чистите.
Уредот треба да се исклучи веднаш по влажно вшмукување или кога
резервоарот е полн.
98
МАКЕДОНСКИ
470 444 - M12FVCL.indd 98
470 444 - M12FVCL.indd 98
СОВЕТ: Кога се намалува вшмукањето, веднаш исклучете ja
правосмукалката и испразнете го резервоарот.
Отстранете ja заменливата батерија.
Држете го цревото вертикално така што течноста што се содржи во него да
може да истече во резервоарот.
Отстраните го куќиштето на моторот и фрлете ја мрсната вода правилно.
Редовно чистете ја внатрешноста на резервоарот и вшмукувачките додатоци,
особено по вшмукување на влажен или леплив материјал. За чистење
користете топла вода со сапуница.
АВТОМАТСКО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ВШМУКУВАЊЕТО
Кога правосмукалката ќе ги вшмукне течности, внатрешната пливка се
подигнува се понагоре, додека не достигне до дихтунгот на влезот на моторот
и тогаш вшмукувањето се исклучува. Тогаш моторот започнува да работи
пошумно и капацитетот на вшмукувањето драстично се смалува. Во таков
случај исклучете ja веднаш правосмукалката. Ако не го исклучите уредот, по
што пливката е достигнала горен положај и капацитетот на вшмукувањето е
намален, моторот ќе се оштети озбилно. Пред да го поштите уредот одново,
испразнете го резервоарот за мрсна вода.
СОВЕТ: Ако поради невниманието допуштите правосмукалката да се обрне
на страна, нејзиниот капацитет на вшмукувањето ќе се намали. Во таков
случај исклучете ja правосмукалката и ja исправите. Така пливката ќе се врне
во својот нормален положај.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да
бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да
се чува на температура од приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт
на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел
да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
РАБОТНИ УПАТСТВА
Апаратот употребувајте го исклучиво во исправна состојба.
Не применувајте небезбедни методи за работа.
Бидете посебно внимателни при чистење на скали.
Составните делови на филтерот, филтер-вреќите и вреќите за прашина се
фрлаат во согласност со националните прописи.
25.03.2021 13:40:01
25.03.2021 13:40:01