ВНИМАНИЕ: Овој апарат е наменет само за употреба во внатрешни
простории.
Погрижете се за доволно вентилација на работното место.
Ако апаратот не работи правилно, ако има паднато или е оштетен, ако бил на
отворено или има паднато во вода, треба да го однесете во сервис или да го
вратите кај дистрибутерот.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Да се изведуваат само постапките на одржување кои што се опишани во
упатството за употреба.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени
постојано.
Расклопливите делови (вклучувајќи го колекторот за прашина) треба да се
извадат за чистење.
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од апаратот. Одржувајте ја
рачката чиста, сува и без масти или масло. Средства за чистење и
разредување се штетни по пластиките и други изолирачки делови, затоа
чистете само со нежен сапун и влажна крпа. Никогаш не употребувајте
запаливи средства за разредување во близина на апаратот.
ВНИМАНИЕ! Редовно го чистете ограничувачот за ниво на водата и го
проверувајте за оштетувања.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Влажните филтри и внатрешниот дел од садот за
течности мора да се исушат пред складирање
Филтрите за прашина треба да се менуваат во зависност од времетраењето
на работењето. Одржувајте го резервоарот чист. За таа цел користете сува
крпа и мала количина спреј за полирање.
Горниот дел за всмукување никогаш не смее да се испрска со вода; постои
опасност за лица, опасност од краток спој.
За тековно сервисира од страна на корисниците, апаратот мора да се
расклопи, да се исчисти и да се сервисира, колку што е разумно возможно,
без да се предизвикува ризик за сервисниот персонал и за другите.
При одржување и поправка, сите валкани делови кои што неможат да се
исчистат доволно, треба:
• Да се спаковаат во добро запечатени торби
• Да се исфрлат во согласност со постоечките одредби за исфрлање на
таков вид отпад.
Овој уред треба редовно да го проверува квалификуван сервисер, барем
еднаш годишно. На пример, проверете ги филтрите за оштетување и
дихтување на уредот, како и за правилната функционалност на контролниот
механизам.
Апаратот треба да се чува во суви услови и заштитено од замрзнување.
ВНИМАНИЕ: Овој апарат смее да се складира исклучиво во внатрешни
простории.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од
компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на
адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со
учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички податоци"
опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи од регулативата
2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC и следните хармонизирачки
нормативни документи:
EN 60335-1: 2012+A11:2014+A13:2017+A1:2019+
A14:2019+A2:2019
EN 60335-2-69:2012
EN 62233:2008
EN 55014-1:2017+A11:2020
EN 55014-2:2015
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-03-24
470 444 - M12FVCL.indd 99
470 444 - M12FVCL.indd 99
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната,
а достапна е како додаток.
Електрична заштита од класа III.
Електричните апарати и батериите што се полнат не
смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се собираат
одделно и да се однесат во соодветниот погон заради
нивно фрлање во склад со начелата за заштита на
околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има такви
погони за рециклажа и собирни станици.
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
Класа на прашина L (IEC
60335-2-69). Кон оваа класа на
прашина се однесува
прашината со вредност MAK1)
> 1 mg/m³.
99
25.03.2021 13:40:02
25.03.2021 13:40:02