ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Кружна пила за маса
Производен број
Определен внес
Сила на струјни именитељ
Брзина без оптоварување
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на
отвор
Густина на запците на сечилото на пилата
Макс. Длабочина на сечење при 90°
Макс. Длабочина на сечење при 45°
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003
Информации за бучавата
Измерените вредности се одредени согласно стандардот
EN 61029. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично
изнесува:
Ниво на звучен притисок. (Несигурност
K=3dB(A))
Ниво на јачина на звук. (Несигурност
K=3dB(A))
Носте штитник за уши.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При употреба на електрични орудија
заради заштита од електрични удари, опасност од повреди
и пожар треба да се обрати внимание на следните основни
мерки за безбедност. Прочитајте ги сите овие напомени пред
да почнете со користење на ова електрично орудие и добро
сочувајте ги напомените за безбедност.
НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА КРУЖНИ ПИЛИ
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да
предизвика губење на сетилото за слух.
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна
облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици,
цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да
биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го
телото. Користете систем за апсорпција на прашината и
носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно
наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Обезбедете, машината да стои постојано цврсто.
Пред да го употребите алатот ве молиме прочитајте ги
инструкциите. Доколку е возможно со претходна демонстрација.
Наштелувајте го ножот за острење како што е наведено во
овој прирачник. Несоодветно растојание, поставување и
редење може да го направи ножот за острење неефикасен при
спречување на повратен удар.
Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.
Користете само сечила кои се соодветно наострени.
Не користете сечила кои не одговараат напропишаните
параметри дадени во овој прирачник за употреба.
Густината на запците, или сетот запци мора да биде погуст од
телото на сечилото и ...нож. Не го вадете...нож.
За да се намали бучавата, алатот мора да биде наострен и сите
елементи за намалување на бучавата (поклопците итн.) да бидат
уредно наместени.
Смее да се користи само алат што одговареа на нормата EN-847-1
Алатите треба да се транспортираат и чуваат во соодветен
контејнер.
Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за
TS 250 K
материјалот се сече.
Ок клучно значење е да се остане до максимално
4478 81 02...
специфицираната брзина на сечилото.
... 000001-999999
Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински
1800 W
челик
7,5A
За да го обезбедите сечилото на пилата не користете ножеви
4800 min
-1
различни од постоечките или оние кои се наведени во
прирачникот.
254 x 30 mm
Тргнете ги клучевите за затегање. Секогаш пред да го вклучите
1,8 mm
апаратот, проверете дали сте ги тргнале клучевите за затегање.
90 mm
Секогаш користете заститен штит на машината.
62 mm
Употребувајте ја столна пилата за сечење само со сигурно
41 kg
функционален и одржуван заштитен капак. Заштитниот капак
мора да се отклонува назад самостојно.
Не ја затегнувајте вртливата заштита.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна
површина при вклучена машина.
98 dB(A)
Од безбедносни причини, користете ги заштитните елементи:
безбедносна направа, лизгачка водилка, заштитна ограда итн.
111 dB(A)
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од
обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога машината
работи и кога главата за пилење не е во положба на мирување.
Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од било која
причина, ослободете го прекинувачот и држете го ножот во
материјалот без да делувате, се додека не дојде до потполно
запирање на сечилото. Никогаш не се обидувајте да ја тргнете
пилата или да ја повлечете наназед додека сечилото се движи
или може да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете
корективни чекори за да ја елиминирате причината за
свиткување на сечилото.
Транспортирајте ја столна пилата за сечење само со „легнат"
осигурувач за транспорт на рачката.
Горниот заштитен поклопец не смее да се користи како рачка за
транспортирање!
За време на транспортирањето на машината, горниот заштитен
поклопец мора да го покрива горниот дел на листот од пилата.
Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале
ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар. Големите
панели имаат тенденција да се свиткаат под сопствената тежина.
Мора да биде поставена потпора под панелот од двете страни,
блиску до линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
Проверете дали паралелната лизгачка преграда е паралелна со
листот од пилата.
Тргнете ја паралелната преграда кога правите напречни сечења.
Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на пример
струготини или остатоци од пилење.
И покрај придржувањето кон сите релевантни градежни
прописи, при работењето на машината може да дојде до некакви
опасности, како на пр. поради:
летање на делови од работните предмети;
летање на делови од работните предмети во случај на оштетен
алат емисија на бучава емисија на дрвен прав
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го
кабелот од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Користете столна пилата само за сечење дрва и продукти на дрво
Никогаш не ја користете столна пилата за сечење други
материјали освен наведените во прирачникот за употреба.
Македонски
75
Mak