ПОСЕТЕТЕ ЈА НАШАТА СТРАНИЦА ЗА ДА:
Добиете совети за користење, брошури, водич за решавање проблеми,
информации за сервисирање и поправка:
www.zanussi.com/support
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
•
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
•
Деца под 3 годишна возраст не смеат да се остават без
надзор во близина на апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
•
Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
•
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се
достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
•
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
•
треба да го прават деца без надзор.
Чувајте го апаратот и неговиот кабел надвор од дофат
•
на деца помали од 8 години.
26