БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Апаратот
мора да го монтира само
квалификувано лице.
•
Извадете ја целата амбалажа.
•
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
•
Придржувајте се до упатството за монтажа
приложено со апаратот.
•
Секогаш внимавајте кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
•
Не влечете го апаратот за рачката.
•
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
•
Проверете дали апаратот е монтиран под и
во близина на безбедна структура.
•
Страните на апаратот мора да останат во
близина на апаратите или до уредите со
иста висина.
ПОВРЗУВАЊЕ СО СТРУЈА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од
пожар и струен удар.
•
Секое поврзување со струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
•
Апаратот мора да биде заземјен.
•
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со напојувањето
со струја. Доколку не се совпаѓа,
контактирајте со електричар.
•
Ако апаратот се приклучува со продолжен
кабел, проверете дали кабелот е заземјен.
•
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го заменат оштетениот
кабел за струја.
•
Не повлекувајте го кабелот за струја за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го приклучокот.
УПОТРЕБA
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Постои
опасност од повреда, изгореници
или струен удар или експлозија.
•
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
•
Не оставајте го апаратот без надзор
додека работи.
•
Не притискајте на отворената врата.
•
Погрижете се отворите за вентилација да
не бидат блокирани.
•
Не користете го апаратот како работна
површина и не користете ја внатрешноста
за складирање.
ГРИЖА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреди, пожар или оштетување
на апаратот.
•
Пред одржувањето, исклучете го апаратот
и исклучете го кабелот од штекерот за
струја.
•
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
•
Не дозволувајте истурена храна или
остатоци од средства за чистење да се
насоберат на површините за заптивање на
вратата.
•
Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
•
Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или
метални предмети.
•
Доколку користите спреј за рерна,
почитувајте ги безбедносните упатства на
пакувањето.
СЕРВИС
•
За да го поправите апаратот, контактирајте
со овластениот сервисен центар.
Користете само оригинални резервни
делови.
•
Во однос на светилите во внатрешноста на
овој производ и резервните светилки што
се продаваат посебно: Овие светилки се
предвидени да издржат екстремни физички
услови во апаратите за домаќинство, како
што се температура, вибрации, влажност
или се предвидени за давање сигнали за
работната состојба на апаратот. Тие не се
предвидени да се користат за други
намени и не се погодни за осветлување
простории во домот.
29