OBJ_BUCH-1259-004.book Page 318 Thursday, November 6, 2014 10:45 AM
318 | Македонски
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 3.
– Насочете Вашето означување на предметот за
обработка долж ласерскиот зрак. (види „Означување
на линијата на сечење", страна 315)
– Подигнете го или спуштете го листот за пилата со
курблата 18 нагоре или надолу, така што горните запци
на пилата ќе стојат околу 5 mm над горната површина
на делот што се обработува.
– Поставете ја заштитната хауба според висината на
предметот за обработка.
Заштитната хауба при сечење мора секогаш да стои
лабаво на предметот за обработка.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
Складирање и транспорт
Чување на електричниот апарат
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција. (види „Позиција за транспорт", страна 314)
– Ставете ја прачката за движење 12 во предвидениот
простор за прачката за движење 11.
– Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
29.
Носење на електричниот апарат
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
При транспорт на електричниот апарат користете
само транспортни уреди, а никогаш заштитни уреди,
продолжеток на столот 27 или лизгачките елементи
8.
– За подигање или транспорт фаќајте на длабнатините за
фаќање 6.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
1 609 92A 0VR | (6.11.14)
Мерки за намалување на бучавата
Мерки на производителот:
– Фин старт
– Испорака со лист за пилата специјално развиен за
намалување на бучавата
Мерки на корисникот:
– Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
површина
– Примена на листови за пила со функција на
намалување на бучавата
– Редовно чистење на листот за пилата и електричниот
апарат
Опрема
Лист за пилата 190 x 30 мм, 36 запци
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Број на дел/артикл
2 608 640 616
Bosch Power Tools