• Грешни мерења не може да се
исклучат при мерење на различни
површини; проблематични
површини се:
- провидни површини (на пр.
стакло, вода)
- рефлектирачки површини (на пр.
полиран метал, стакло)
- порозна површина (на пр.
изолациски материјали)
- структурирани површини (на пр.
гипс, природен камен)
Доколку е потребно, користете
парче хартија или ласерска табла
(не се вклучени) на овие површини
• Други можни причини за погрешно
мерење:
- мерењето се одвивало надвор од
мерниот опсег
- аголот помеѓу ласерскиот зрак и
целта е премногу мал
- приемната леќа B или отворот за
ласерскиот зрак A бил замаглен
(на пр. поради брзата промена на
температурата)
• Воздушните слоеви со различни
температури или индиректно
добиени рефлексии можат да
влијаат на измерената вредност
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за
професионална употреба
• Заштитете го мерниот уред од
влага и директно изложување на
сончеви зраци
• Не го изложувајте мерниот уред
на екстремни температури или
осцилации во температурата
(прецизноста на мерниот уред
може да се наруши)
- на пр. не го оставајте долго време
во автомобилот
- оставете го мерниот уред најпрво
да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба
• Избегнувајте ги ударите и
превртувањата на мерниот уред
- доколку се оштети мерниот уред,
може да се наруши прецизноста
- по тежок пад или удар, споредете
ги ласерските линии за контрола
со познатата хоризонтална или
вертикална референтна линија
• Постојано одржувајте ја чистотата
на мерниот уред
• Не го потопувајте мерниот уред во
вода или други течности
• Избришете ги нечистотиите со
влажна мека крпа
• Не користете средства за чистење
или раствори
• Редовно чистете ги површините
околу излезниот отвор на ласерот и
притоа внимавајте на влакненцата
• Доколку алатот и покрај
внимателното работење и контрола
некогаш откаже, поправката мора
да ја изврши некој овластен SKIL
сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете
го алатот нерасклопен, заедно
со сметкопотврдата, до вашиот
продавач или најблискиот SKIL
сервис (адресите се наведени на
www.skil.com)
• Имајте предвид дека оштетувањето
настанато заради преоптоварување
или неправилно ракување со
алатот ја отфрла гаранцијата
(видете на www.skil.com или
прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
• Не се ослободувајте од
електични алати, батерии, уреди
или амбалажа преку нивно
фрлање во домашното ѓубре
(само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива
2012/19/EC за ослободување
од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација
во согласност со националните
закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот
животен век мора да бидат
собрани посебно и да бидат
вратени во соодветен објект за
рециклирање
- симболот 4 ќе ве потсетува на
ова кога ќе дојде време алатот да
го фрлите
120