OBJ_BUCH-1513-004.book Page 146 Tuesday, November 26, 2013 4:07 PM
146 | Македонски
Ставете ги базната единица и кофата за боја
постојано на рамна површина. При работа на скали
или на косо тло постои опасноста, базната единица или
кофата за боја да се превртат или да паднат. Ова може
да доведе до повреди и валкање со боја.
Не ја покривајте базната единица. Инаку нема да
може да се препознава можен дефект.
При употреба на ваљакот за боја другите
електрични уреди држете ги далеку или покриете ги
доволно. Евентуално појавените прскања на боја може
да доведат до незгоди и валкања.
Обезбедете добра, редовно проветрување во
работното подрачје и доволен чист воздух во целата
просторија.
Носете заштитни очила. На тој начин вашите очи ќе
бидат заштитени од испсркана или излезена боја.
Носете соодветна работна облека. Бојата тешко се
отстранува од облеката.
Избегнувајте стеснување на системот на црева, на пр. со
притискање, превиткување или истегнување! Не газете на
цревото за снабдување 2.
Држете го системот на црева далеку од изворот на
топлина.
Не влечете за црева. За движење на базната единица не
влечете за цревото за снабдување 2. Носете ја базната
единица само за рачката за носење 19.
Вклучување (види слика D)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– Ставете го мрежниот приклучок во ѕидната дозна.
– Осигурете се, дека механизмот за заклучување
на пумпата 23 е затворен.
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување
18 во позиција „I".
– Земете го нанесувачот на боја 3 или продолжетокот 1
на рака за соодветната рачка и исправете го ваљакот за
боја 16 на површината за бојадисување.
– Притиснете до прекинувачот 7 на далечинскиот
управувач 8.
Исклучување
– Ослободете го прекинувачот 7.
– За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 18 во
позиција „0".
– Влечете го мрежниот приклучок од ѕидната дозна.
– Отворете го механизмот на заклучување на
пумпата 23.
По потреба можете за олеснување на механизмот за
заклучување на поклопецот на пумпата 20 да го
притиснете лесно нагоре.
2 609 006 717 | (26.11.13)
Совети при работењето
Бојадисување
Навлажнете ги со вода новите односно сувите ваљаци за
боја пред бојадисување.
Доколку ваљакот за боја е нов односно сув, дури после
околу шест ленти ќе се постигне хомогена нанесување на
боја без повлечени линии.
Полнењето на празно црево за снабдување трае околу
една минута.
– Со помош на прекинувачот 7 внесете доволна
количина боја на ваљакот за боја 16 и придвижете го
ваљакот за боја рамномерно горе долу.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
бојадисување.
Рамномерното водење на ваљакот за боја дава
единствен квалитет на површината.
Регулирање на количината на боја за време на
бојадисувањето
Количината на боја може да се регулира преку
прекинувачот.
– Притиснете толку долго на прекинувачот 7, додека не
следува хомогено нанесување на боја.
– Потоа прекинувачот можете да го ослободите, додека
нанесувањето на боја на површината за бојадисување
не престанува да покрива.
– Потоа полнете ја кофата за боја повторно доволно со
боја (Прекинувачот 7 притиснете го околу 5 секунди).
Промена на ваљакот (види слики E1 –E2)
Извадете го ваљакот за боја од нанесувачот на боја поради
чистење или кога ваљакот за боја е истрошен.
– Раздвојте ги прифатите на ваљакот 15 и оставете го
ваљакот за боја 16 да се лизне од нанесувачот на боја 3.
Ваљакот за боја кој е топен со боја, за да не се исуши до
неговото миење, подобро ставете го во кофа со вода.
Соодветни, нови валјаци за боја ќе најдете во нашата
Bosch програма за прибор.
Може да се употребат и валјаци за боја од други
производители. При тоа мора да се придржуваме до
соодветните димензии (види „Технички податоци",
страна 145).
Ставете го новиот ваљак како што следи:
– Повлечете ја оската на ваљакот 17 од стариот ваљак 16
и вметнете го новиот ваљак повторно по средината на
оската на ваљакот.
– Ставете ја оската на ваљакот 17 на едната страна во
прифатот на ваљакот 15 како што треба.
– Притиснете го ваљакот за боја во спротивниот прифат
на ваљакот.
Ваљакот за боја мора слободно да се врти.
Одложување на нанесувачот на боја (види слика F)
– Закачете го нанесувачот на боја 3 со помош на
сегментот за држење 14 на работ на кофата за боја.
Bosch Power Tools