▪ Ракување/управување: Работниот персонал мора да
биде упатен околу функционирањето на целата
постројка.
7.2
Обврската на раководителот
▪ Поставете го Упатството за вградување и работа
покрај пумпата или на некое друго место предвидено
за него.
▪ Обезбедете го персоналот со упатства за вградување
и работа на својот јазик.
▪ Осигурете се дека целокупниот персонал го
прочитал и е запознаен со Упатството за вградување
и работа.
▪ Сите безбедносни уреди и функции за итно
исклучување треба да се активни и проверени дали
функционираат без проблеми.
▪ Пумпата е погодна за примена со дадените работни
услови.
7.3
Контрола за насоката на вртење (само кај трифазни
мотори)
Пумпата е фабрички нагодена и проверена дали има
правилна насока на вртење за вртежно поле во
насока на часовникот. Приклучувањето се изведува
согласно податоците во поглавјето „Електрично
поврзување".
Проверка на насоката на вртење
Стручен електричар го проверува вртежното поле
при приклучувањето на мрежа со помош на мерен
уред. За насоката на вртење да е правилна,
вртежното поле во приклучувањето на мрежа треба
да биде во насока на часовникот. Не е дозволено
пумпата да се употребува за вртежно поле со лева
насока на вртење! ВНИМАНИТЕЛНО! Треба да се
внимава на условите во околината и на работата
кога се проверува насоката на вртење!
Погрешна насока на вртење
При погрешна насока на вртење, приклучувањето
треба да биде на следниов начин:
▪ Заменете две фази за мотор со директен старт.
▪ Заменете две намотки за мотор со стартување со
ѕвезда-триаголник (на пр. U1/V1 и U2/V2).
7.4
Пред вклучување
Проверете ги следниве точки пред да ја вклучите:
▪ Проверете дали е правилно инсталирана и дали е
согласно локалните прописи:
– Дали е пумпата заземјена?
– Дали го проверивте кабелот за довод на струја?
Упатство за вградување и работа Wilo-Rexa CUT GI
Пуштање во работа
7.5
– Дали прописно се поставени електричните
приклучоци?
– Дали се правилно прицврстени механичките
составни елементи?
▪ Проверете го управувањето со нивото:
– Дали пливачкиот прекинувач може да се движи
слободно?
– Проверете го ниво на прекинување (вклучена
пумпа, исклучена пумпа, минимално ниво на
водата)?
– Дали е инсталирана дополнителна заштита од
работа на суво?
▪ Проверете ги работните услови:
– Мин./макс. Дали ја проверивте температурата на
медиумот?
– Дали ја проверивте макс. длабочина на
потопување?
– Дали е дефиниран работниот режим согласно
минималното ниво на водата?
– Дали се придржувате до макс. зачестеност на
вклучување?
▪ Проверете го местото на поставување/работната
просторија:
– Дали има таложење во цевководот од
притисочната страна?
– Дали приливот или пумпнаата јама се исчистени и
дали во нив има таложење?
– Дали се отворени сите засуни?
– Дали е дефинирано и надгледувано минималното
ниво на вода?
Хидрауличното куќиште мора да е целосно
исполнето со транспортираниот медиум и не смее
во хидрауликата да има воздушни перничиња.
НАПОМЕНА! Кога постои опасност од создавање
воздушни перничиња во постројката, земете
предвид уреди за нивно издувување!
Вклучување и исклучување
За време на процедурата на стартување,
номиналната струја се пречекорува само
краткотрајно. За време на нормалната работа,
номиналната струја не смее да се пречекорува.
ВНИМАНИТЕЛНО! Кога пумпата не стартува, веднаш
исклучете ја. Прво отстранете го дефектот пред
повторно да ја вклучите!
Пумпите со преносливо поставување треба да се
постават на цврста основа. Ако пумпата паднала,
прво наместете ја пред повторно да ја вклучите.
Цврсто зашрафете ја пумпата кога основата е
проблематична.
mk
583