ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да
не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
Mak
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Во случај на преоптоварување на батериите поради енормно
висока потрошувачка на електрична енергија, на пр. екстремно
висок број на вртежни моменти, заглавување на оперативната
алатка, нeoчекувано сопирање или краток спој, електричната
алатка прекинува со работа и по 2 секунди автоматски се
исклучува. За повторно вклучување ослободете го притискачот
на прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Уверете се дека алатката е исклучена од напојување пред да го
прикачите или отстраните сечилото.
Заменете ја изабаната подлога за маса.
Чистете ги алатката и безбедносниот уред со чиста крпа.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти
на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
Македонски
100
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Никогаш не ги поставувајте рацете во подрачјето на
дискот за сечење.
Не ја изложувајте машината на дожд.
Не гледајте во ласерскиот зрак.
Не гледајте во ласерот со оптички
помошни средства (двоглед, дурбин) .
LASER
Produsul corespunde clasei de laser 1M
1M
conform EN 60825-1:2014
Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно
со домашниот отпад. Електричните и електронсите
апарати треба да се собираат одделно и да се однесат
во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад
со начелата за заштита на околината. Информирајте се
кај Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
V
Волти
29mm
Истосмерна струја
n
Брзина без оптоварување
0
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
EDITION :
A