•Не користете електрични уреди во преградите за чување
храна во апаратот, освен ако не се од видот препорачан од
производителот.
•Средството за ладење и гасот за изолација што се користат
во апаратот треба да се фрлат според посебно пропишани
процедури. Консултирајте се со сервисер или слично
квалификувано лице пред да ги фрлите.
•Овој апарат содржи мала количина средство за ладење
изобутан (R600a), природен гас кој е високо компатибилен со
животната средина, но исто така е запалив. При транспорт и
монтажа на апаратот, треба да се внимава за да не се оштетат
делови од колото за средство за ладење.
•Средство за ладење што избива во млаз од цевките може да се
запали или да предизвика експлозија.
•Ако откриете протекување, избегнувајте отворен пламен или
потенцијални извори на искри и проветрете ја неколку минути
просторијата во која се наоѓа апаратот. За да избегнете
создавање мешавина на воздух и запалив гас во случај на
протекување од колото за средство за ладење, големината на
просторијата во која се наоѓа апаратот треба да одговара на
количината на употребеното средство за ладење. Просторијата
мора да има по 1 m² на располагање за секои 8 g од средството
за ладење R600a внатре во апаратот.
•Количината на средство за ладење во вашиот апарат е
прикажан на плочата за идентификација внатре во апаратот.
•Никогаш не вклучувајте апарат кој има знаци на оштетување.
Ако се сомневате, консултирајте се со продавачот.
•Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства и
слични намени. Не смее да се користи за комерцијлани или
угостителски намени, ниту пак на мобилни предмети, какви што
се каравани или пловни објекти.
8
МК