Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original página 359

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-1360-003.book Page 359 Wednesday, November 11, 2015 2:13 PM
Едно вртење наспроти стрелките од часовникот го движи
ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец
на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од
десно на лево.
Поставување на паралелност: (види слика T3)
– Олабавете ги двете завртки 65 на капакот за заштита на
ласерот 27 со внатрешниот шестаголен клуч (4 mm)
20.
Напомена: За да ја досегнете предната завртка на
капакот за заштита на ласерот, мора да ја навалите
лизгачката рачка малку надолу додека внатрешниот
шестаголен клуч не се вметне низ процепот на
осцилаторната заштитна хауба.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 66
(околу 1–2 вртења) со внатрешниот шестаголен клуч
(2 mm) 21.
Не ги отшрафувајте целосно шрафовите.
– Поместете ја монтажната плоча на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци не дојдат паралелно
по целата должина на исцртаната линија за сечење на
делот за обработка.
– Држете ја монтажната плоча на ласерот во оваа
позиција и повторно затегнете ја завртката за
прицврстување 66.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување 64 .
– Повторно прицврстете го капакот за заштита на ласерот
27.
Поставување на страничното отстапување при
движење на лизгачката рачка: (види слика T4)
– Олабавете ги двете завртки 65 на капакот за заштита на
ласерот 27 со внатрешниот шестаголен клуч (4 mm)
20.
Напомена: За да ја досегнете предната завртка на
капакот за заштита на ласерот, мора да ја навалите
лизгачката рачка малку надолу додека внатрешниот
шестаголен клуч не се вметне низ процепот на
осцилаторната заштитна хауба.
– Олабавете ги двете завртки за прицврстување 67
(околу 1–2 вртења) со внатрешен шестаголен клуч
(2 mm) 21.
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на лизгачката рачка, повеќе не отстапуваат
странично.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување 64 .
– Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување 67.
– Повторно прицврстете го капакот за заштита на ласерот
27.
Bosch Power Tools
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила 38 до жлебот 18 за 0°. Лостот
16 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика U1)
– Поставете го агломерот на 90° и ставете го на масата за
пилата 38.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 40.
Поставување: (види слика U2)
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Олабавете ги двете завртки за подесување 68
(најмалку 1 вртење) со клуч за втиснување (10 mm).
– Олабавете ја завртката за подесување 70 (околу 3
вртења) со внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20.
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување 69
со внатрешен шестаголен клуч (4 mm) 20 додека
кракот на аголното мерило не се преклопи по целата
должина со листот на пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 17.
Потоа затегнете ја повторно завртката за подесување
70 и потоа завртките за подесување 68.
Доколку показателот на агли 33 и 24 по подесувањето не е
во линија со 0°-ознаките на скалата 32, олабавете ги
завртките за подесување на показателот на агли со
крстест одвртувач и израмнете го показателот на агли по
должина на 0°-ознаките.
Поставка на стандарден агол на закосување 45°
(лево, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 38 до жлебот 18 за 0°. Лостот
16 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го левиот продолжеток на граничните
водилки 9 целосно надвор.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 17 и навалете ја
лизгачката рачка на дршката 4 до крај налево (45°).
Проверете: (види слика V1)
– Поставете го аголното мерило на 45° и ставете го на
масата за пилата 38.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 40.
Поставување: (види слика V2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување 71
со вилушкаст клуч (8 mm) додека кракот на аголното
мерило не се преклопи по целата должина со листот на
пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 17.
Ако показателот на агли 33 и 24 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 32 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Македонски | 359
1 609 92A 285 | (11.11.15)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido