Електронски уред
Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува.
Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува
опасност или пречки на други електронски уреди.
Пречки во медицинската опрема
• Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат
болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го
користете уредот онаму каде што е забранета неговата
употреба.
• Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на
слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до
давателот на услугата за повеќе информации.
• Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се
одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и
пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на
пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот
од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот
во предниот џеб.
Области со запалив материјал и експлозиви
• Не го користете уредот на места каде што се складираат
запаливи материјали или експлозиви (на бензиска пумпа,
склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето
на уредот во таква средина го зголемува ризикот од
експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во
форма на текст или симболи.
• Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со
запаливи течности, гасови или експлозиви.
Безбедност во сообраќајот
• Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го користите
уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не го
користете безжичниот уред додека возите.
• Концентрирајте се на возењето. Прва одговорност Ви е да
возите безбедно.
• Радиофреквентните сигнали може да влијаат врз
електронските системи на моторните возила. За повеќе
информации, обратете се кај производителот на возилото.
• Не го ставајте уредот врз воздушно перниче или во просторот
каде се отвора воздушното перниче во моторното возило. Во
спротивно, воздушното перниче, доколку се активира, може
да Ве повреди.
• Не го користете уредот додека летате со авион или пред
самото качување во авион. Користењето на безжичен уред во
авион може да ги попречи безжичните мрежи, да го загрози
управувањето со авионот или да е противзаконско.
335