Симболи На Уредот - Cub Cadet 769-10113E Manual Del Usuario

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 57
šÿa¹c¹­o μa pa¢o¹a — Kocåæ®a μa ¹pe­a co ¢e¸μå¸c®å ¯o¹op
Пред користењето проверете,
– дали збирачот на трева
функционира и дали поклопецот
за исфрлување затвора
правилно. Оштетените,
истрошени или деловите што
недостасуваат заменете ги
итно.
– дали резните алати, клиновите
за прицврстување и целата
резна единица се истрошени
или оштетени. Заменуваjте ги
истрошените или оштетени
делови во стручен сервис само
во чифт за да се избегне
тресење.
Резервните делови и приборот
мораат да одговараат на
барањата кои што се утврдени од
производителот.
Затоа, користете само оригинални
резервни делови и оригинален
прибор или резервни делови и
делови од прибор кои што се
дозволени од производителот.
Употребата на резервни делови
или опрема коишто не се
одобрени од производителот
може да претставува значителен
безбедносен ризик.
Поправките треба да ги извршува
исклучиво квалификувани стручни
сервисери или да се изведуваат во
серивсна работилница. Погрижете
се за навремено одржување за да
го одржите уредот во безбедна
работна состојба.
За време на работата со
уредот
При работа со или на уредот мора
да носите соодветна работна
облека, како на пример:
– Безбедносни ракавици,
– долги пантолони,
– тесно припиена облека,
– Заштита за ушите,
– Заштитни очила.
Носењето на лична заштитна
опрема го намалува ризикот од
повреди. Избегнувајте да носите
широка облека или облека од која
висат врвки и ремени. Работење
без заштита за ушите може да
доведе до губење на слухот.
И при носењето на заштитата за
ушите, често правете пауза од
работата за заштита на слухот.
Сите безбедносни механизми
мора секогаш да бидат поставени
на уредот целосно и во
беспрекорна состоjба.
Hе вршете промени на
безбедносните механизми.
Kористете го уредот само во
техничката состоjба што е
пропишана и испорачана од
производителот.
Hикогаш не менуваjте ги однапред
фабрички дефинираните поставки
на моторот.
Избегнуваjте отворен пламен,
поjава на искри и не пушете.
Насоки за вибрации:
Вибрациите може да
предизвикаат оштетувања на
нервите и нарушување на
циркулирањето на крвта во
дланките и рацете.
– При работа во студени средини,
носете топла облека и рацете
нека ви бидат топли и суви.
– Правете паузи.
– Доколку утврдите дека кожата
на прстите или на рацете е сува,
ве пецка, ве боли или е
побелена, прекинете да
работите со машината и
консултирајте се со лекар.
Пред изведување секаква
работа на овоj уред
За заштита од повреди при секоjа
работа (на пр. одржување или
дотерување) и транспорт (на пр.
подигнување или носење) на овоj
уред
– изгаснете го моторот,
– извлечете го клучот за палење
(ако има),
– почекаjте сите подвижни делови
целосно да доjдат во мирување
и моторот да се излади,
– извлечете го приклучокот за
свеќичката за палење од
моторот, за да спречите
несакано стартување на
моторот,
– внимаваjте на дополнителните
совети во прирачникот за
моторот.
По работењето со уредот
Hикогаш не го напуштаjте уредот
без да го изгаснете моторот и – ако
има – извлечете го клучот за
палење.
Безбедносни механизми
Слика 1
!
Опасност
Hикогаш не го користете уредот со
оштетени или без поставени
безбедносни механизми.
Безбедносен лак (1)
Безбедносниот лак служи за ваша
безбедност за веднаш да го
запрете моторот и резниот
механизам при итен случаj.
Hе смее да се врши обид за
заобиколување на неговата
функциjа.
Поклопец за исфрлување (2)
или заштита од удар (3)
Поклопецот за исфрлување/
заштитата од удар Ве штити од
повреди од резниот механизам
или од излетаните цврсти
предмети. Уредот смее да се
користи само со поклопец за
исфрлување или со заштита од
удар.
Симболи на уредот
Hа уредот се наоѓаат различни
знаци како налепници. Во
следниот дел се поjаснети
знаците:
Внимание! Пред
пуштањето во работа
прочитајте го
упатството за
ракување!
Трети лица треба да
стојат понастрана од
опасното подрачје!
Ma®eªo¸c®å
209

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido