OBJ_BUCH-1966-001.book Page 112 Tuesday, July 9, 2013 3:11 PM
112 | Македонски
Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот
електричен уред. При користење на други батерии, на
пр. имитации, истрошени батерии или непознати
производители, постои опасност од повреди како и
материјални штети доколку експлодира батеријата.
Останати напомени за безбедност
и работење
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата
употреба ставете ја на полнач додека не се наполни
целосно.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на
температурата, што дозволува полнење само на
температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се постигнува
долг рок на употреба на батеријата.
2 609 141 030 | (9.7.13)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Прочитајте го упатството за употреба на полначот.
Електричниот апарат ставете го на шрафот само
доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.
Активирајте го прекинувачот за менување брзини
само кога електричниот апарат е во мирување.
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
притискајте го до крај. Инаку електричниот апарат
може да се оштети.
Доколку прекинувачот за избор на брзини не може
да се вметне до крај, свртете ја малку главата за
дупчење со дупчалката (GSR 10,8 V-EC).
При половично или целосно притиснат прекинувач за
вклучување/исклучување, приказот за наполнетост на
батеријата за неколку секунди ја прикажува
наполнетоста на батеријата и се состои од 3 зелени LED
светилки.
LED
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GSR 10,8 V-EC/GSR 10,8 V-EC HX:
Батериски одвртувач/зашрафувач
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Капацитет
≥ 2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
Bosch Power Tools