Bosch Professional GWS 18V-100 C Manual Original página 323

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 48
OBJ_BUCH-2896-002.book Page 324 Friday, October 21, 2016 1:28 PM
324 | Македонски
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
 Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од експлозија.
 Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
 Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
 Батеријата може да се оштети од острите предмети
како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно
влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и
батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира
или да се прегрее.
 Внимание! При користењето на електричниот алат
со Bluetooth® може да настанат пречки на други
уреди и системи, авиони и медицински уреди (напр.
пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не
може целосно да се исклучи можноста за повреда
на луѓе и животни во непосредна околина. Не го
користете електричниот алат со Bluetooth® во
близина на медицински уреди, бензински пумпи,
хемиски постројки, области со опасност од
експлозија и во близина на мински полиња. Не го
користете електричниот алат со Bluetooth® во
авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во
директна близина на телото.
Bluetooth®-ознаката со зборови, како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
1 609 92A 2U4 | (21.10.16)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечење во камен мора да се погрижите за и
вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат
може да се користи за брусење со брусна хартија.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да
се пренесат при активиран Bluetooth® Low Energy Module
GCY 30-4 со помош на Bluetooth® радио технологијата
меѓу електричниот алат и крајниот мобилен уред.
GWS 18V-... SC:
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Лост за отклучување на заштитната хауба
2 Стрелка за правец на вртење на куќиштето
3 Копче за блокирање на вретеното
4 User Interface
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Батерија*
7 Копче за отклучување на батеријата*
8 Капак Bluetooth® Low Energy Module GCY 30-4
9 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
10 Вретено за брусење
11 Заштитна хауба за брусење
12 Приклучна прирабница со O-прстен
13 Брусна плоча*
14 Стезна навртка
15 Брзозатезна навртка
16 Заштитна хауба за сечење*
17 Брусна плоча за сечење*
18 Заштита за дланките*
*
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gws 18v-115 cProfessional gws 18v-125 cProfessional gws 18v-100 scProfessional gws 18v-115 scProfessional gws 18v-125 scProfessional gws 18v-150 sc ... Mostrar todo

Tabla de contenido