Dremel 3000 Traducción De Las Instrucciones Originales página 182

Ocultar thumbs Ver también para 3000:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 79
сите клучеви пред да го вклучите електричниот
алат. Ако оставите клуч или средство за
подесување прикачени на некој ротационен дел од
електричниот алат, тоа може доведе до телесна
повреда.
e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време
одржувајте стабилна положба и рамнотежа.
Тоа Ви овозможува подобра контрола над
електричниот алат во неочекувани ситуации.
f.
Носете прописна облека. Немојте да носите
широка облека или накит. Косата, облеката
и нараквиците држете ги понастрана од
подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса можат да се заплеткаат меѓу
подвижните делови.
g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на
прашина, проверете дали се добро споени
и дали правилно се користат. Користењето
собирач на прашина може да ги намали
опасностите предизвикани од прашина.
h. Не дозволувајте фактот дека имате искуство со
функционирањето на други видови на алатки
да ви влијае врз употребата на оваа алатка и
поради тоа да ги игнорирате безбедносните
правила. Само едно нивнимателно дејство е
доволно за да ве повреди во дел од секунда.
КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИОТ
АЛАТ
a. Немојте да го форсирате електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат кој е
потребен за Вашата дадена ситуација. Со
соодветниот електричен алат подобро и
побезбедно ќе ја завршите работата за која е
дизајниран.
b. Немојте да го користите електричниот алат
доколку не работи прекинувачот on/off.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со помош на прекинувач, е опасен и
мора да се поправи.
c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/
или батеријата од електричниот алат пред
да правите било какви подесувања, пред
да го менувате приборот или пред да го
одложите алатот. Ваквите превентивни мерки
на безбедност го смалуваат ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и
не дозволувајте им на лицата кои не се упатени
во алатот или во овие упатства да ракуваат со
алатот. Електричните алати можат да бидат
опасни во рацете на корисници кои не се обучени.
e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете
дали спојните или подвижните делови се
добро нагодени, дали деловите се во исправна
состојба, и сите други услови кои би можеле
да влијаат врз работата со електричниот алат.
Ако алатот е оштетен, дајте го на поправка
пред повторната употреба. Многу несреќи биле
предизвикани од лошо одржуван електричен алат.
f.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Кога правилно се одржува алатот за сечење со
остри рабови за сечење, помала е веројатноста
тој да се заглави и полесно се контролира.
g. Електричниот алат, приборот и бургиите
користете ги во согласност со овие упатства,
земајќи ги предвид работните услови и работата
што треба да се заврши. Употребата на
електричниот алат за работи коишто тој не е
предвиден, може да предизвика опасни ситуации.
h. Одржувајте ги дршките и површините за фаќање
суви, чисти и незамастени. Лизгавите дршки и
површини за фаќање не дозволуваат безбедно
ракување и контрола на алатката во неочекувани
ситуации.
СЕРВИСИРАЊЕ
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира
квалификуван сервисер со користење само
на идентични резервни делови. На овој начин
ќе се обезбеди одржување на сигурноста на
електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ
ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ
ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ,
ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ, РЕЗБАЊЕ ИЛИ
АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
a. Овој електричен алат е наменет за употреба
при глодање, брусење, работење со жичена
четка, полирање или сечење. Прочитајте ги
сите безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации кои се приложени
со овој алат. Доколку не се почитуваат сите
долунаведени упатства, може да дојде до
електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално
дизајниран и препорачан од страна на
производителот на алатот. Самото тоа што
на Вашиот алат може да се приклучи прибор не
значи дека е осигурено и безбедно работење.
c. Номиналната брзина на приборот за брусење
мора да биде поголема или еднаква на
максималната брзина што е означена на алатот.
Приборот за брусење кој работи со брзина
поголема од неговата номинална брзина, може да
се скрши и да се разлета.
d. Надворешнот пречник и дебелината на
Вашиот прибор мора да бидат во рамките
на капацитетот на Вашиот електричен алат.
Приборот со неисправна големина не може да
соодветно да се контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната, на
добошите за брусење или на кој и да е друг
прибор мора да се фаќа на вретеното или
стезната глава на електричниот алат. Приборот
кој не одговара на вретеното на електричниот
алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе
вибрира и може да предизвика губење на
контролата.
f.
Шајбните кои се монтираат на осовинката,
добошите за брусење, секачите или другиот
прибор мора да бидат целосно вметнати во
стезната глава или прстен. Доколку осовинката
е недоволно прицврстена и/или пак испустот на
шајбната е предолг, монтираната шајбна може да
се олабави и да испадне при висока брзина.
g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред
секоја употреба проверете дали на приборот, како
што е брусната плоча или брусната подлога, има
пукнатинки или ломови и дали се прекумерно
изабени, дали на жичената четка има лабави
или искршени жици. Ако електричниот алат
или приборот Ви паднале, проверете дали има
оштетувања или монтирајте неоштетен прибор.
По прегледувањето и монтирањето на приборот,
тргнете ја од себе и од останатите присутни
лица површината на ротациониот прибор и во
траење од една минута вклучете го електричниот
алат да работи со максимален број на вртежи.
182

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido