•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Бидете внимателни при острење на утор, особено
на носечките ѕидови (уторите на носечките ѕидови
се во склад со прописите на одредени држави; овие
прописи задолжително треба да се прегледаат)
•
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
•
Немојте да го прицврстувате електричниот алат во
менгеме
•
Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
•
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
•
Никогаш не користете го алатот ако кабелот е
оштетен; тој мора да се замени со специјално
подготвен кабел достапен преку центарот за
постпродажни услуги за електрични алати на SKIL и
замената да се изврши од страна на квалификувано
лице
•
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
•
Во случај на прекин на струјата или доколку
кабелот случајно се извлече од напојувањето,
алатката нема повторно да продолжи да работи
сама од себе; за да ја вклучите, отклучете го
прекинувачот on/off 9 c и повторно вклучете ја
алатката
ПО УПОТРЕБА
•
По исклучувањето на електричниот алат, никогаш не
го запирајте вртењето на приборот со користење на
странична сила
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
2 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
3 Носете заштитни очила и заштита за ушите
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
•
Поставување на приборот 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- исчистете го вретеното A и сите делови што ќе ги
поставите
- затегнете го крилцето за стегање B со клуч C
додека го притискате копчето за заклучување на
осовината D
! притискајте го копчето за заклучување на
осовината D само кога осовината A е целосно
застаната
- за отстранување на прибор се справи обратно
! ако дисковите за брусење/сечење во текот
на работата многу се загреат; не ги допирајте
додека целосно не се оладат
! никогаш не користете дискови за брусење/
сечење без ознака ("blotter") кој е залепен врз
него (ако е предвидено)
•
Поставување на помошната рачка E 7
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- зашрафете ја дополнителната рачка E оддесно,
горе и одлево на алатот (зависно од работата што
треба да се заврши)
•
Отстранување/поставување/прилагодување на
заштитниот механизам F 8
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- отворете го заштитниот механизам F со
разлабавување на шрафот G (не вадете го)
- ставете го заштитниот механизам F на почетокот
на осовината на главата на алатот и завртете го
во потребната позиција (зависно од работата што
треба да се заврши)
! водете сметка затворената страна на
заштитниот механизам секогаш да биде
свртена кон операторот
- прицврстете го заштитниот механизам F со
затегнување на шрафот G
! цврсто затегнете завртка G (мин. вртежен
момент 5 Nm)
•
Пред користење на електричниот алат
- проверете дали е приборот исправно поставен и
силно прицврстен
- проверете дали приборот може да се помести, така
што рачно ќе го стартувате
- пробно вклучете го алатот најмалку 60 секунди
на најголема брзина во празен од и во сигурна
положба
- веднаш престанете со работата доколку дојде до
поголеми вибрирања или други неправилности во
работата и прегледајте го алатот, за да ја одредите
причината
•
Прекинувач на заклучување за вклучување/
исклучување K 9
- вклучете на алатот 9 a
! внимавајте на повратната сила од алатот при
вклучување
! пред дополнителниот дел да го допре делот за
работа, алатот мора да работи со полна брзина
- заклучување на прекинувачот 9 b
- отклучете на прекинувачот/исклучете на алатот
9 c
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
! приборот се врти уште некое време, по
исклучувањето на електричниот алат
•
Брусење q
- придвижувајте го електричниот алат напред-назад
со лесен притисок
! никогаш не користете диск за сечење за
странично брусење
•
Сечење w
- при сечењето не го навалувајте алатот
- секогаш движете го алатот во правец на стрелките
на врвот на алатот, за да спречите алатот
неконтролирано да се лизне од резот
- не го притискајте електричниот алат; пуштете го
дискот за сечење да работи сам
- работната брзина на дискот за сечење зависи од
материјалот што се сече
- со страничен притисок може да го скршите дискот
за сечење
148