•
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со прашината
или нејзиното вдишување може да шредизвика
алергии и/или болести на дишните органи за оној
кој работи со алатот или луѓето во близина); носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Некои видови на прашина се канцерогени (како
на пример прашината од даб или бука), особено
заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете
маска за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
•
Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
•
Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
•
Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
При брусење на метал доаѓа до појава на искри;
•
не користете кутија за прашина/правосмукалка а
останатите лица и запалливи материјали треба да се
наоѓаат подалеку од местото каде се работи
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
•
Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
•
Не допирајте ја брусната хартија која се движи
•
Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
•
Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
•
Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
•
Потпорни перничиња
- никогаш не користете го алатот без потпорната
подлошка A
! веднаш заменетеи ги оштетените потпорни
перничиња (олабавете/стегнете ги 4 штрафа B)
! исклучете го алатот од струја пред
отстранување/вметнување на потпорните
перничиња
•
Поставување хартија за брусење 6
- поставете шмиргла за пескарење од ВЕЛКРО C
како што е прикажано
- доколку е потребно, најпрво исчистете го
потпорното перниче
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната плоча
! вшмукувањето прашина изискува употреба на
перфорирани хартии за брусење
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
•
Вшмукување прашина
! не користете ја кутијата за прашина/
правосмукалката за собирање прашина кога
брусите метал
Кутија за прашина 7
- редовно празнете ја кутијата за прашина D за
оптимално собирање на прашина
- отстранете ја кутијата за прашина D со што ќе ја
повлечете D наназад
За употреба на правосмукалка
- поставете адаптер за правосмукалка E, како што е
прикажано 8 a
- поврзете го цревото за чистење со правосмукалка
E 8 b
•
Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со туркање на
прекинувачот F 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! внимавајте на повратната сила од алатот при
вклучување
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
•
Контрола на брзината 9
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето G 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
- прилагодете ја брзината со рапавоста која се
користи
- пред да започнете со работа, најдете ја
оптималната брзина и големина на решетката со
тестирање врз непотребен материјал
•
Држење и насочување на алатот w
! додека работите, секогаш држете го алатот
за местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
- не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја заврши
работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење H 2 држете ги отворени
•
Брусење
- количината на отстранетиот материјал се
одредува преку изборот на хартијата за брусење,
веќе поставената брзина на брусење и преку
применетиот притисок
! ако го зголемите притисокот за брусење, тоа
нема да доведе до зголемување на капацитетот
на брусење, туку до зголемено абење на алатот
и на хартијата за брусење
! никогаш не користете ја истата брусна хартија
и за дрво и за метал
92