повлекување на рачката, и штом сечилото ќе го
допре материјалот, долниот заштитен
механизам мора да се опушти. За сите останати
видови сечење долните заштитни механизми
автоматски се придвижуваат.
d) Секогаш проверете дали долниот заштитен
механизам го покрива сечилото пред да ја
спуштите пилата на клупата или подот.
Незаштитено сечило кое ротира може да предизвика
пилата да се движи назад и да сече се што ќе и се
најде на патот. Обратете внимание на времето кое е
потребно сечилото да се сопре, по исклучување на
прекинувачот.
ДОПОЛНиТЕЛНи БЕзБЕДНОСНи
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ОПШТи
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен;
замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Користете само работна маса која е опремена со
прекинувач кој спречува повторено вртење на
моторо по прекинот на напонот
• Користете само работна маса која е опремена со
водилка за сечење
ПРиБОР
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или
се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• Користете само сечива за пили со минимален
дијаметар од 235 мм, со максимален дијаметар
од 235 мм и отвор на ободот од 30 мм
• никогаш не користете сечила за пили направени од
брзоротирачки челик (HSS)
• Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме
е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Налети на струја доведуваат до кратктотрајни
падови на напопнот; под неповолни услови на
напојување може да биде оштетена другата опрема
(доколку имоенданцијата на напојување со
електрична енергија е помала од 0,28 ома, не постои
можност да дојде до нарушувања); доколку ви е
потребно дополнително објаснување, можете да се
обратите до локалната служба за снабдување со
електрична енергија
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
• Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
• Не работете со овој алат држејќи го над главата
• Во случај на атипично однесување или непознати
звуци, веднаш исклучете го алатот и извлечете го
штекерот од електричниот приклучок
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
• По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш
немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
ОБЈАСНУВАЊЕ зА СиМБОЛиТЕ зА АЛАТОТ
2 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
3 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
4 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на сечилото за пилата 5
! извлечете го приклучокот ако кабелот
- извадете го клучот за сечилото A од складот B
140