• Кршење поради продирање на материјалот кој што се
обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа
за напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат
можат да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и
да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во
батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за затегање
или одвртување на навртки и шрафови секаде каде не е
достапно напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПОДЕСУВАЊЕ НА БРЗИНА
Функцијата
служи за да се спречи абење или оштетување
на завртките или на работната површина при поставување на
самобушечки завртки. Функцијата е оптимирана за сите
употребливи површини, вклучувајќи и #8 – #10 (4,2 - 5,5 mm)
самобушечки завртки со должина од 12–25 мм и лимови со
јачина од 0,5–1 мм.
Функцијата
може да се изврши, само кога рачката на
прекинувачот е притисната повеќе од половина. Ако рачката се
притисне помалку од половина, ударната шрафилица ќе
работи во нормален режим на ударно зашрафување. При
користење на функцијата
кога завртката е целосно заштрафетана.
92
МАКЕДОНСКИ
470 646- M18FID2.indd 92
470 646- M18FID2.indd 92
, алатот автоматски се исклучува
ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека
„Техничките податоци" подолу го опишуваат производот со сите
релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS),
2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве
хармонизирани регулаторни документи:
EN 62841-1:2015
EN 62841-2-2:2014
EN IEC 55014-1:2021
EN IEC 55014-2:2021
EN IEC 63000:2018
Winnenden, 2021-10-28
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
УПОТРЕБА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето да го
проверите затезниот момент со динамометрички клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори,
вклучувајќи ги и следните фактори.
• Состојба на полнење на батеријата - Кога батеријата е
испразнета, напонот паѓа и затезниот момент се намалува.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина доведува
до помал затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на алатот
или сврзувачкиот елемент влијае на затезниот момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на завиткан
или вметнат приклучок со погрешна големина или
користењето на опрема што не е отпорна на удари го
намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во зависност
од опремата или продолжниот елемент, може да се намали
затезниот момент на ударната шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира во
зависност од дијаметарот, должината и класата на јачината
на завртката/навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани,
кородирани, суви или подмачкани сврзувачки елементи може
да влијаат на затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на деловите
кои треба да се навртуваат и која било компонента меѓу нив
(сува или подмачкана, мека или тврда, завртка, заптивка или
подлошка) може да влијаат на затезниот момент.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или навртката со
ударната шрафилица, толку поцврсто тие се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи или
работните парчиња, избегнувајте прекумерно траење на
навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали
сврзувачки елементи, затоа што тие бараат помал број на
удари за да се постигне оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете го
времето што ви е потребно за да го достигнете саканиот
затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни динамометрички
клуч.
28.10.2021 13:02:56
28.10.2021 13:02:56