Descargar Imprimir esta página

Одржување И Сервис; Одржување И Чистење; Опрема/Резервни Делови; Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GSC 2,8 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSC 2,8 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 21
d
Растојание меѓу ножевите a
max
(mm)
(mm)
1,5−2,8
0,5
Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали
растојанието меѓу ножевите a а кај цврстите или кршливи
материјали мора да се зголеми.
Олабавете ја завртката за прицврстување (12) на
долниот нож. Со завртката за подесување (11) поставете
го потребното растојание меѓу ножевите a. Горниот
нож (8) и долниот нож (10) не смеат да се допираат.
Проверете го растојанието со мерилото за
подесување (13). Повторно затегнете ја завртката за
прицврстување (12) на долниот нож.
Подесете го растојанието меѓу ножевите b
За подесување на растојанието
меѓу ножевите b притискачот (7)
на горниот нож мора да стои на
горната мртва точка. Вклучете и
исклучете го кратко
електричниот алат. Доколку е
потребно, повторете ја
постапката.
Завртете ја завртката за подесување (6) на горниот нож
со еден клин во правец на стрелките на часовникот.
Олабавете ја завртката за прицврстување (9) на горниот
нож и подесете го истиот (8) така што вертикалното
растојание b помеѓу горниот и долниот нож ќе изнесува
0,4 mm. Проверете го растојанието со мерилото за
подесување (13).
Повторно затегнете ја завртката за прицврстување (9) на
горниот нож. Завртете ја завртката за подесување (6) со
еден клин во правец спротивен на стрелките на
часовникот, додека не го допре горниот нож (8).
Кај помеките и пожилави материјали мора да се намали
растојанието меѓу ножевите b а кај цврстите или кршливи
материјали мора да се зголеми.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични
алати.
Bosch Power Tools
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Замена на долниот нож (види слика B)
Одвртете ја завртката за подесување (11) на долниот
нож. Целосно одвртете ја завртката за
прицвсртување (12) на долниот нож и извадете го (10).
Ставете нов долен нож (10) во отворот на одбивачот на
струготини (2). Прицврстете го долниот нож со завртката
за прицврстување (12).
Проверете го растојанието меѓу ножевите a како што е
горе опишано.
Замена на горниот нож (види слика B)
Горниот нож (8) може да се користи од двете страни.
Целосно одвртете ја завртката за прицвсртување (9) на
горниот нож и извадете го (8).
Свртете го горниот нож (8) како што е прикажано на
сликата B или ставете нов горен нож на притискачот (7).
Прицврстете го горниот нож со завртката за
прицврстување (9).
Проверете го растојанието меѓу ножевите b како што е
горе опишано.
Дополнително острење на ножевите (види слика C)
Доколку се истрошени, навремено менувајте ги одн.
брусете ги ножевите, бидејќи само острите алати имаат
добар учинок и го чуваат електричниот апарат.
При дополнителното острење на ножевите, внимавајте да
се задржи аголот на сечење.
Проверете го аголот на сечење со мерилото за
подесување (13).
Опрема/резервни делови
Сет ножеви
Мерило за подесување
Клуч со внатрешна шестаголна
глава (ширина на клучот 5 mm)
Клуч со внатрешна шестаголна
глава (ширина на клучот 2,5 mm)
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонски | 127
2 607 010 025
2 607 970 001
1 907 950 006
1 907 950 003
1 609 92A 7MN | (27.04.2022)

Publicidad

loading