секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА
НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат.
Користете ја правилната електрична алатка
наменета за вашата работа. Со соодветниот
електричен алат ќе ја завршите работата подобро и
побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ако
прекинувачот не може правилно да се вклучи и
исклучи. Секој електричен алат кој не може да се
контролира со помош на приклучок е опасен и мора
да се поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја и/
или извадете го комплетот со батерии од
електричниот алат, ако се одделува, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или да ги складирате
електричните алати. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува опасноста од
случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување
надвор од дофатот на деца и не им допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Електричните алати се опасни доколку со
нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и
дополнителната опрема. Проверете дали има
изместување или заглавување на подвижните
делови, дали некои делови се скршени или се
во некоја друга состојба што влијае врз работата
на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете
го алатот на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се случуваат заради неодржуван
електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
ивици помалку ќе се заглавуваат и полесно се
контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема,
работните алати итн., треба да ги користите
според овие упатства, земајќи ги во предвид
работните услови и работата која треба да се
заврши. Употребата на електричниот алат за работи
што се поинакви од неговата намена може да доведе
до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање
суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките
и површините за држење што се лизгаат не
овозможуваат безбедно ракување и контрола на
алатот во неочекувани ситуации.
5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА
НЕГО
a) Вршете полнење само со полначот што е
пропишан од страна на производителот. За
полначот кој е соодветен за еден вид на батерии,
постои опасност од пожар, доколку се употребува со
други батерии.
b) Користете ги електричните алати само со
посебно назначени батерии. Користењето на било
кои други батерии може да доведе до опасност од
повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
шрафови или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го
местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска
помош. Течноста која истекува од батеријата може
да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
којшто е оштетен или изменет. Оштетените
или изменетите батерии можат да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со батерии
треба да ја врши само производителот или некој
овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА БЕЗЖИЧНА УБОДНА
ПИЛА
•
Држете го алатот за изолираните површини
на држење кога работите на место каде
затегнувачот може да допре до покриени
жици (ако се допре жица под напон, металните
делови на алатот ќе се електрифицираат и може да
предизвикаат електричен шок за работникот)
•
Користете стегачи или друг практичен начин за
да го обезбедите и потпрете работното парче
на стабилна платформа (работното парче е
нестабилно ако го држите со рака или потпрено на
телото со што може да ја загубите контролата)
ОПШТИ
•
Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
•
Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
Нивото на бучава додека работите може да изнесува
•
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
•
Носете очила кога работете со материјали што
создаваат струготини
•
Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
115