Descargar Imprimir esta página

Makita PF400MP Manual De Instrucciones Original página 186

Ocultar thumbs Ver también para PF400MP:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 45
2.
Никогаш не дозволувајте деца и лица со
намален физички, сензорен или ментален
капацитет или без искуство и знаење
или, пак, лица кои не се запознаени со
овие упатства да ја користат машината.
Локалните прописи може да ја ограничуваат
возраста на операторот.
3.
Никогаш не работете со машината кога има
луѓе, особено деца, или домашни животни
во близина.
Имајте предвид дека ракувачот или
4.
корисникот е одговорен за каква било
несреќите или опасностите што може да им
се случат на другите лица или нивниот имот.
Подготовка
1.
Секогаш носете цврсти обувки и долги
панталони додека работите со машината.
2.
Не носете лабава облека, ниту накит, кои
можат да бидат вовлечени во отворот за
вода. Држете ја долгата коса подалеку од
отворите за вода.
Секогаш носете заштитни очила за да ги
3.
заштитите очите од повреда кога користите
електрични алати. Очилата мора да се
усогласени со ANSI Z87.1 во САД, EN 166 во
Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов
Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така
постои законска обврска за носење штитник
за лице за да си го заштитите лицето.
Работодавачот е одговорен дали
операторите со алатот и другите лица
во непосредната работна околина носат
соодветна безбедносна заштитна опрема.
4.
За спречување надразнување од прав, се
препорачува да се носи маска за лице.
5.
Додека работите со машината, секогаш носете
заштитни обувки што не се лизгаат. Нелизгавите
безбедносни чизми и чевли со затворени прсти ќе
го намалат ризикот од повреда.
Носете заштита за ушите, како што се
6.
штитници за уши. Изложувањето на бучава
може да предизвика губење на слухот.
7.
Носете заштитни ракавици.
Работење
1.
Пред работата, осигурете се дека нема
остри предмети во работната област што
може да го оштетат цревото.
Не истурајте ниту прскајте вода кон
2.
случајни минувачи, животни, уред за
напојување или делови под напон.
3.
Не користете ја пумпата за питка вода.
Не испумпувајте корозивни хемикалии или
4.
запаливи течности.
5.
Расчистете ги децата, случајните минувачи
и домашните миленици од областа.
Децата, случајните минувачи и домашните
миленици држете ги надвор од радиус од
минимум 5 м.
6.
Исклучете ја машината и извадете ја
касетата за батерија, потоа осигурете се дека
сите подвижни делови целосно запреле
секогаш кога ја оставате машината.
пред да пристапите кон деблокирања.
пред проверување, чистење или
работење на машината.
доколку машината започне да вибрира
ненормално.
7.
Работете со машината само дење или на
добро вештачко светло.
8.
Не пресегајте предалеку и одржувајте
соодветна рамнотежа и стабилна положба
на нозете цело време.
Секогаш внимавајте како газите по
9.
стрмнини.
10. Работете со машината во препорачаната
положба и на цврста површина.
11.
Не работете со машината на високи места.
12. Доколку машината удри во надворешен
предмет или почне да прави невообичаена
бучава или вибрации, веднаш исклучете ја
за да го запрете тоа. Извадете ја касетата за
батеријата и проверете дали машината има
оштетувања пред одново да ја стартувате
и да работите со машината. Доколку
машината е оштетена, побарајте поправка
од овластените сервисни центри на Makita.
13. Спречете ненамерно стартување. Уверете
се дека прекинувачот е во исклучена
положба пред вметнување касета за
батерија, подигање или носење на
машината. Носењето на машината со прстот
на прекинувачот или со вклучен прекинувач
може да предизвика несреќи.
14. Пред да ја склопувате или нагодувате
машината, исклучете ја и извадете ја
касетата за батеријата.
15. Носете лична заштитна опрема пред да го
стартувате машината.
16. Пред да ја стартувате машината,
проверете дали на неа има оштетувања,
лабави завртки/навртки или неправилно
склопување. Проверете дали сите
прекинувачи функционираат исправно.
Исчистете ги и исушете ги рачките.
17. Никогаш не обидувајте се да ја вклучите
машината ако таа или цревото се оштетени
или ако не се целосно склопени.
18. Нагодете ги ременот за рамо и дршката за
рака да одговараат на големината на телото
на операторот.
19. При работењето, користете го ременот за
рамо. Држете ја машината цврсто од вашата
десна страна.
► Сл.2
186 МАКЕДОНСКИ

Publicidad

loading