Descargar Imprimir esta página

Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch UniversalSander 18V-10 Manual Original

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
162 | Македонски
Напомени за оптимално користење на
батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од
−20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во
автомобилот во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува,
дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Сопствено всисување со кутија за прав (види слики
A1–A4)
Ставете ја кутијата за прав (7) на млазниците за
издувување (14).
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Одвртете го елементот за филтер (6) од кутијата за прав
(7). Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со
мека четка.
1 609 92A 88F | (06.09.2022)
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно
чистете го филтерот (6).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (7) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика B)
Вметнете го адаптерот за всисување (16) (опрема) на
црево за всисување (15) (опрема), така што ќе се слушне
кога ќе се вклопи. Поврзете го адаптерот за
всисување (16) со млазниците за всисување (14) на
електричниот алат и цревото за всисување (15) со
всисувач (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на
всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова
упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика C)
Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги
нечистотијата и правта од брусната плоча, на пр. со
четкичка.
За овозможување на оптимално всисување на прав,
внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да
одговараат со отворите на брусната плоча.
Брусната плоча е опремена со леплива лента, така што
брусните листови со леплива лента може брзо и
едноставно да се прицврстат.
Истресете ја леплива лента од брусната плоча пред да ја
наместите на брусниот лист, за да овозможите добро
слепување.
Брусниот лист (17) ставете го рамно со едната страна од
брусната плоча, потоа поставете го брусниот лист на
брусната плоча и притиснете го добро.
За вадење на брусниот лист (17) фатете го за врвот и
извлечете го од брусната плоча.
Опремата за брусење како крпи/филц за полирање не се
зацврстува на истиот начин на брусната плоча.
Дводелна брусна плоча
Електричниот алат има 2 брусни листа, кои може
поединечно да се менуваат во зависност од
истрошеноста.
Користете го електричниот алат само доколку се
u
монтирани двата брусни листа.
Користете брусни листови со иста гранулација.
u
Правоаголна брусна плоча
Користете го електричниот алат само доколку е
u
монтиран брусниот лист.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading