Descargar Imprimir esta página

Skil 0280 Manual Original página 147

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 49
- отстранете ја струната од калемот
- порамнете го и притиснете го поклопецот на
калемот додека не се намести на местото
- следете ги упатствата „Замена на струната» погоре
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
• Овој алат не е наменет за професионална употреба
Секогаш исклучете го алатот, отстранете ги
батериите и проверете дали сите подвижни делови
се комплетно застанати
Алатот секогаш да се одржува чист (особено
отворите за вентилација A 2 )
- чистете го алатот со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- исчистете го сечилото на струната Q 2 и штитникот
за сечење G 2 по секоја употреба
- редовно чистете ги отворите за вентилација A 2 со
четка или воздух под притисок
Редовно проверувајте ја состојбата на главата на
сечилото и затегнатоста на навртките, завртките и
шрафовите
Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- испратете го алатот нерасклопен, заедно со
сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и
сервисниот дијаграм за алатот се наведени на
www.skil.com)
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со производот не е опфатено со гаранцијата (видете
на www.skil.com или прашајте го продавачот за
условите на гаранцијата на SKIL)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Следниот список ги прикажува симптомите на
проблемите, можните причини и корективните
дејства (ако тие не го идентификуваат и поправат
проблемот, контактирајте ги вашиот продавач или
сервисна станица)
! во случај да дојде до електричен или
механички дефект, веднаш исклучете го алатот
и отстранете ја батеријата
Алатот не работи

- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- жешка батерија -> оставете ја батеријата да се
олади
- внатрешен дефект -> контактирајте го продавачот/
сервисерот

Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте го продавачот/сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте го продавачот/
сервисерот
Алатот вибрира абнормално

- тревата е премногу висока -> косете во фази
Алатот не коси

- струната е премногу кратка/скршена -> рачно
хранете ја струната

Струната не може да се храни
- клемата е празна -> проверете ја клемата;
намотајте ако е потребно.
- струната е заплеткана внатре во клемата ->
проверете ја клемата; намотајте ако е потребно.
Струната не е отсечена до правилна должината ->

отстранете го поклопецот од сечилото

Струната продолжува да се крши
- струната е заплеткана внатре во клемата ->
проверете ја клемата; намотајте ако е потребно.
- поткаструвачот неправилно се користи -> косете
само со врвот на струната; избегнувајте камења,
ѕидови и други тврди предмети; редовно хранете
ја струната
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Само за земјите од ЕУ
Не фрлајте ги електричните алати,
дополнителната опрема и амбалажата заедно со
домашниот отпад
- според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за
отфрлање на електрична и електронска опрема
и нејзина имплементација во согласност со
националните закони, електричните алати кои го
достигнале крајот на својот животен век мораат
да бидат посебно собрани и да бидат вратени во
еколошки компатибилен објект за рециклирање
- симболот 9 ќе ве потсети на тоа, кога ќе дојде
време да го отстраните
! пред да се фрли батеријата во отпад, заштитите
ги нејзините полови за да се спречи краток
спој
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
• Измерено во согласност со EN 60335, нивото на
звучен притисок на овој алат е 75 dB(A) (несигурност
K = 3 dB) и нивото на звучна моќност 88 dB(A)
(несигурност K = 2,4 dB), и вибрацијата 90 м/с
(триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60335; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различна или неправилно чувана дополнителна
опрема, може да доведе до значајно зголемување
на нивото на изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото на изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку
одржување на алатот и неговата дополнителна
опрема, одржување на топлината на вашите
раце, и организирање на вашата работа
w
Prerëse bari me bateri
147
2
)
2
0280

Publicidad

loading