3
Користење на уредот
3.1 Контролна плоча
L : Светло Го вклучува и исклучува системот за осветлување
M : Мотор
Го вклучува и исклучува моторот на вентилаторот
V : Брзина Ја поставува брзината на работа на вентилаторот.
1. Мала брзина, која се користи за постојана и бесшумна промена на
воздухот кога има лесна пареа од готвењето.
2. Средна брзина, која е погодна за повеќето работни услови со оглед
на оптималниот сооднос на проток на воздух/ниво на бучава.
3. Максимална брзина, која се користи за отстранување на највисоката
емисија на пареа при готвењето, вклучувајќи и долги периоди.
• Аспираторот е наменет исклучиво за употреба во домаќинства за да се
отстранат мириси од кујната.
• Никогаш не го користете аспираторот за други цели освен за оние за кои е
наменет.
• Никогаш не оставајте високи отворени пламења под аспиратоторот додека
тој работи.
• Приспособете го интензитетот на пламенот за да биде насочен само кон
дното на тавата и внимавајте да не ги опфати и страните.
• Фритезите мора постојано да ги држите на око: прегреаното масло може да
се запали.
3.2 Економично користење на уредот за заштеда на
електрична енергија
• Кога го користите уредот, подесете ги поставките за брзина според
интензитетот на пареата и миризбата за да заштедите енергија.
• Користете ниски брзини (1- 2) во нормални околности, а висока брзина (3)
при интензивна миризба и пареа.
• Сијаличките на аспираторот служат за осветлување на просторот за готвење.
• Ако се користат за осветлување на целата просторија, ќе се троши струја без
потреба, а просторијата нема да биде доволно осветлена.
• За Вашиот уред да троши помалку енергија, вклучете го на мала брзина.
• Уредот ќе ја намали потрошувачката на енергија бидејќи ќе работи
поефикасно кога ќе му обезбедите доволен внес на воздух.
• Во случаи кога знаете дека ќе се појави густа пареа, поставете го уредот
на ниво на интензивна моќност на вшмукување пред да се формира пареа.
Аспиратор / Упатство за користење
L
M - V
95 / MK