f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата и алиштата треба да
бидат подалеку од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може да се закачат
за подвижните делови.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете
дали се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и
да ги игнорирате безбедносните принципи при
неговото користење. Невнимателно движење може
да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Исклучете го електричниот алат од струја
и/или извадете го комплетот со батерии,
ако се одделува, пред да правите некакви
прилагодувања, менувате дополнителна
опрема или да го складирате електричниот
алат. Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него
или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го електричниот алат и
дополнителната опрема. Имајте контрола околу
тоа дали движечките делови на уредот работат
беспрекорно и дали не се заглавени, дали
деловите се скршени или оштетени до таа мерка
што не може да се обезбеди функционирање на
уредот. Пред примената, овие оштетени делови
треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и
на начин кој е опишан за соодветниот тип на
уред. При тоа, земете ги предвид работните
услови и работата која се извршува. Употребата
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА АГОЛНИ ПИЛИ
•
Аголните пили се наменети за сечење дрво или
производи слични на дрво, тие не можат да се
користат со абразивни тркала за сечење на
материјали што содржат железо, како што се
решетки, прачки, столпчиња, итн. Абразивната
прашина предизвикува заглавување на подвижните
делови, како што е долниот штитник. Искрите од
абразивно сечење ќе го изгорат долниот штитник,
делот што се отсекува и другите пластични делови.
•
Користете стеги за парчето за обработка
секогаш кога тоа е можно. Ако го држите
работното парче со рака, секогаш мора раката да
ви биде најмалку 100 mm оддалечена од двете
страни на сечилото на пилата. Не користете ја
оваа пила за сечење парчиња што се премногу
мали и не можат безбедно да се стегнат или
да се држат со рака Ако вашата рака е поставена
премногу близу до сечилото на пилата, постои
зголемен ризик од повреда при контакт со сечилото.
•
Работното парче мора да биде статично и фатено
со стега или да се држи потпрено и на оградата
и на масата. Не ставајте го работното парче за
обработка во сечилото или немојте „слободно"
да го сечете на кој било начин Неприцврстените
или подвижните работни парчиња може да бидат
отфрлени со голема брзина, предизвикувајќи
повреда.
•
Туркајте ја пилата нанапред низ работното парче.
Не повлекувајте ја пилата наназад низ работното
парче. За да направите рез, подигнете ја главата
на пилата и поставете ја над работното парче
без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја
главата на пилата надолу и туркајте ја пилата
нанапред низ работното парче Ударот при сечење
со повлекување наназад најверојатно ќе предизвика
сечилото на пилата да се качи на горниот дел од
работното парче и насилно да го отфрли склопот на
сечилото кон операторот.
•
Никогаш поставувајте ја раката преку
предвидената линија за сечење или пред или
зад сечилото на пилата „Вкрстеното" држење на
работното парче, т.е. држењето на работното парче
на десно од сечилото на пилата со левата рака или
обратно е многу опасно.
•
Не посегнувајте зад оградата со ниту една рака
поблиску од 100 mm од која било страна на
сечилото на пилата за да отстраните остатоци од
дрво или заради која било друга причина додека
сечилото се врти Близината на сечилото на пилата
што се врти до вашата рака може да не е очигледна и
можете да бидете сериозно повредени.
•
Проверете го вашето работно парче пред да
го исечете Ако работното парче е свиено или
искривено, затегнете го со надворешното
свиено лице кон оградата. Секогаш осигурите
се дека нема празнина помеѓу работното парче,
176