Ако некој од резултатите не е ист како што
е посочено во табелата, не ја користете
машината! Однесете ја во овластен сервис на
проверка и поправка.
5.3. ПАЛЕЊЕ И РАБОТА
ЗАБЕЛЕШКА Вклучувајте ја на рамни површини,
исчистени од препреки и висока трева.
Запалете ја машината како што е наведено (Сл. 8).
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте
безбедно растојание од уредот со сечилото која се
определува со должината на ракофатот.
5.4. ЗАСТАНУВАЊЕ
На крајот на работата, отпуштете ја командата за
прекинувачот (Сл. 9).
Штом ќе ја застанете машината, потребни се
неколку секунди пред да застане уредот со
сечилото.
5.5. ПО РАБОТАТА
• Исчистете ја машината (пасус 6.1).
• Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и
затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.
Секојпат кога машината ја оставате без надзор или не
ја користите:
• Отворете го капакот за пристап до отворот за
батеријата и извадете го безбедносниот клуч (за
модели со батерија).
6. ОДРЖУВАЊЕ
Безбедносните одредби што треба да ги следите се
дадени во поглавје 1. Строго придржувајте се до тие
упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности:
Пред да извршите каква било контрола, чистење или
интервенција за одржување/регулација на машината:
• Застанете ја машината.
• Осигурете се дека секоја подвижна компонента е
застаната.
• Извадете го безбедносниот клуч (за модели со
батерија).
• Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни
очила.
6.1. ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба следејќи ги
следните упатства:
• Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот
и на електричните делови.
• Отстранете ги остатоците од трева и кал собрани во
внатрешноста на шасијата.
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не користете абразивни течности за чистење на
куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
го моторот да нема остатоци од трева, листови и
прекумерно масло.
6.2. ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИЛОТО
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте
го извадиле безбедносниот клуч и ако уредот
со сечивото не е застанат докрај. Внимавајте
поради тоа што уредот со сечивото може да се
придвижи и покрај тоа што клучот е изваден
(за модели со батерија).
Сите операции што се поврзани со уредот со
сечилото (вадење, острење, изедначување,
поправка, повторно ставање и/или замена)
се одговорни работи за кои е потребна
специфична компетентност покрај соодветни
алати. Од безбедносни причини, треба секогаш
да ги извршува специјализиран сервисен
центар.
Заменувајте го секогаш уредот со сечилото
ако е оштетен, изабен или истрошен, заедно
со соодветните шрафови за да ја одржите
рамнотежата.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди со сечива,
дадени со код во табелата „Технички податоци".
6.3. ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Наполнете ја батеријата како што е наведено (Сл. 10).
7. Т РА Н С П О Р Т, ОД Л А ГА Њ Е И
ОТСТРАНУВАЊЕ
7.1. ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување,
транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината.
• Осигурете се дека секоја подвижна компонента е
застаната.
• Извадете го безбедносниот клуч (за модели со
батерија).
• Исклучете ја машината од електричната мрежа (за
модели со електричен кабел).
• Носете заштитни ракавици.
• Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат,
имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба
на истата.
• Ангажирајте соодветен број на луѓе според тежината
за машината.
• Проверете дали кога работи машината, нема знаци на
оштетувања или дефекти.
• Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со
јажиња или синџири за да избегнете превртување и
можно оштетување.
7.2. ОДЛАГАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
• Оставете го моторот да се излади.
• Отстранете го безбедносниот клуч и батеријата (за
модели со батерија) и наполнете ја.
• Исчистете ја темелно машината.
• Проверете ја целосноста на машината.
Одложете ја машината:
• Во сува просторија.
МК - 5
(Сл. 11)