•
Веднаш извадете го приклучокот од
штекерот за струја доколку кабелот е
оштетен или исечен.
•
Ризик од струен удар.
•
Држете го кабелот настрана од алатите
за сечење или од тркалата.
•
Само за земји-членки на ЕУ
Не расходувајте електрична опрема
заедно со отпад од домаќинството!
Во согласност со Европската директива за
електричен отпад и отпад од електронска
опрема и нејзино применување во
согласност
регулатива, електричната опрема на која
ѝ
е поминат работниот век мора засебно
да се собира и да се враќа во капацитет
за рециклирање кој е компатибилен со
животната средина.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ПРЕД УПОТРЕБА
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА ЗА ИДНИ
КОНСУЛТАЦИИ
Не започнувајте со користење на машината пред
да ги прочитате овие упатства за работа. Почитувајте
ги сите дадени упатства и монтирајте ја машината
како што е опишано.
Намена на машината
•
Оваа машина е наменета за скарификација или
прекопување на градини.
•
Скарификаторот е наменет само за приватна
употреба, а не за комерцијална употреба. Не
користете го на јавни места.
Општи упатства
•
Прочитајте го ова упатство за употреба за да се
запознаете со ракувањето на машината. Ракувањето
со машината од страна на корисници што не се
доволно информирани, го зголемува ризикот од
пожар, струен удар или телесна повреда, или
телесни повреди на други лица.
•
Не давајте ја машината на заем на лица за кои не
знаете дали имаат доволно искуство.
•
Кога ја давате машината на заем, секогаш
приложувајте го и ова упатство за употреба.
•
Машината не е наменета за употреба од страна на
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности, или пак со недоволно искуство и
знаење. Малите деца треба да бидат под надзор за
да не им се дозволи да си играат со машината.
•
Работете само кога сте во добра физичка состојба.
Сите работи извршувајте ги смирено и внимателно.
Корисникот е одговорен за целокупната безбедност
на лицата, како и за штетите околу работната
област.
•
Никогаш не користете ја машината по конзумирање
алкохол или дрога, или ако се чувствувате изморени
или болни.
со
домашната
законска
•
Одмарајте се за да спречите губење на контролата
предизвикано од замор. Препорачуваме да се
одмарате од 10 до 20 минути на секој час.
•
Користете ја машината во согласност со овие
упатства, земајќи ги предвид работните услови и
примената. Користењето на машината за работи
за кои не е наменета може да доведе до опасни
ситуации.
•
Националните или локалните прописи можно е да
го ограничуваат ракувањето со машината.
•
Бидете внимателни. Внимавајте што правите.
Користете здрав разум. Не ракувајте со машината
кога сте уморни.
Опрема за лична заштита
•
Облечете се соодветно. Облеката треба да биде
функционална и соодветна, односно треба тесно да
прилега на телото, но не и да биде неудобна. Не
носете ниту накит, ниту пак облека која што може да
се заплетка во машината. Носете заштита за косата
за да ја соберете долгата коса.
•
Секогаш носете заштита за ушите за да избегнете
губење на слухот.
•
Носете заштитни очила за да ги заштитите очите од
летечки предмети и отпадоци.
•
Носете заштитни ракавици за да спречите повреда
на прстите.
•
Носете маска за заштита од прашина за да го
намалите ризикот од повреда.
•
Кога ја користите машината, секогаш носете цврсти
чевли со ѓон кој не се лизга. Тие ве штитат од
повреди и обезбедуваат стабилна подлога.
•
Додека ракувате со алатот, секогаш носете добри
обувки и долги панталони. Не ракувајте со машината
кога сте боси или кога носите отворени сандали.
Безбедност во работната област
•
Деца и други лица, вклучително и животни, треба да
бидат понастрана кога машината е во функција.
•
Проверете дали во работната област има камења,
жици, стакло или други надворешни предмети.
Надворешните предмети можат да бидат зафатени
или исфрлени од машината, што може да предизвика
штета или повреда.
•
Ракувајте со машината само во услови на добра
видливост и при дневна светлина. Не ракувајте со
машината кога е темно или кога има магла.
•
Не ракувајте со машината во околина каде што
постои опасност од експлозија, на пример, во
присуство на запаливи течности, гасови или
прашина. Машината создава искри кои можат да ги
запалат прашината или испарувањата.
•
Не изложувајте ја машината на дожд или на влажни
услови. Навлегувањето вода во машината може да
го зголеми ризикот од струен удар.
Вклучување на машината
•
Пред да го поврзете штекерот или да ја вклучите
машината:
–
Проверете дали штекерот и кабелот се во
добра состојба.
–
Проверете дали сите шрафови, завртки и
други делови за прицврстување се добро
стегнати.
–
Проверете дали алатите за сечење се на
место и во добра работна состојба.
1