Descargar Imprimir esta página

Skil 3163 Manual Original página 82

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 27
Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови
коишто се прикажани на сликата 2
Контактирајте го продавачот ако недостасуваат
делови или истите се оштетени
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ 1
ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОИЗВОДОТ 2
A Глава на вентилаторот
B Стегач
C Копче за заклучување
D Основа
Приклучок за напојување USB-C
E
F
Индикатор за нивото на батеријата
G Прекинувач за слабо/исклучено/силно
Поддршка за глава на вентилаторот
H
J
9.
*USB кабел за напојување
__
*Се продава одделно
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Кога користите електричен уред, секогаш следете ги
основните мерки на претпазливост, вклучувајќи го и
следново:
ПРОЧИТАЈТЕ И ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
ПРЕД КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ПРОИЗВОД!
! За да го намалите ризикот од пожар,
електричен удар или повреда:
Познавајте го вашиот вентилатор со стегач.
Внимателно прочитајте го прирачникот
за употреба. Научете ги употребите и
ограничувањата на вентилаторот, како и
специфичните потенцијални опасности
поврзани со него. Следењето на ова правило ќе
го намали ризикот од електричен удар, пожар или
сериозни повреди.
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Немојте да работите со вентилаторот во средини
во кои има опасност од експлозија, како на
пример во кои има запалливи течности, гасови
или прашина.
b) Држете ги децата и другите лица подалеку
додека ракувате со уредот. Може да изгубите
контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
c) Бидете внимателни при употреба во ветровити
услови. Ветровите може да носат магла во
електричните жици или уредите.
d) Не го изложувајте уредот на дожд или влага.
Продирањето на вода во уредот ќе ја зголеми
опасноста од струен удар.
2) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и
постапувајте разумно додека работите со уредот.
Никогаш не работете со уредот ако сте уморни,
вознемирени или под влијание на дрога, алкохол
или лекови. Момент на невнимание при работење со
уредот може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Спречете случајно вклучување. Осигурете
се дека прекинувачот е на позицијата off
(исклучено) пред приклучувањето на батеријата,
подигнувањето или носењето на уредот.
Носењето на уредот со вашиот прст на прекинувачот
или вклучување на уредот со прекинувачот поставен
на позиција on (приклучено) доведува до несреќи.
c) Пред вклучување на уредот отстранете ги
сите клучеви за подесување или алати за
навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен
на ротациониот дел на уредот, може да доведе до
лична повреда.
d) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело
време одржувајте правилен став и рамнотежа.
На тој начин можете подобро да го контролирате
уредот во неочекувани ситуации.
e) Носете соодветна облека. Не носете лелеава
облека или накит. Чувајте ги косата и облеката
подалеку од подвижните делови. Лелеавата
облека, накитот или долгата коса може да се зафатат
во подвижните делови.
f) Проверете дали сите врски се безбедни пред да
работите со уредот.
g) Не дозволувајте искуството стекнато со
честата употреба на уредите да ве направи
невнимателни и да ги игнорирате безбедносните
принципи за уредите. Невнимателната активност
може да предизвика сериозна повреда во дел од
секунда.
3) УПОТРЕБА И ГРИЖА
a) Не користете го уредот ако прекинувачот не
може правилно да се вклучи и исклучи. Секој
уред кој не може да се контролира со помош на
прекинувач е опасен и мора да се поправи.
b) Извадете го комплетот со батерии од уредот
пред да правите некакви прилагодувања,
менувате дополнителна опрема или го
складирате уредот. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува опасноста од
случајно вклучување на уредот.
c) Складирајте го уредот кој не го користите
надвор од дофатот на децата и не допуштајте
работа со уредот на лица кои не се запознаени
со него или кои го немаат прочитано ова
упатство. Уредите се опасни доколку со нив работат
неискусни лица.
d) Одржувајте го уредот и дополнителната
опрема. Проверете дали има изместување
или заглавување на подвижните делови, дали
некои делови се скршени или се во некоја друга
состојба што влијае врз работата на уредот. Ако
е оштетен, однесете го уредот на поправка пред
да го користите. Многу несреќи се случуваат заради
неодржувани уреди.
e) Уредот и дополнителната опрема треба да ги
користите според овие упатства, земајќи ги во
предвид работните услови и работата која треба
да се заврши. Употребата на уредот за работи што
се поинакви од неговата намена може да доведе до
опасна ситуација.
f) Одржувајте ги дршките и површините за
фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив.
Дршките и површините за држење што се лизгаат
не овозможуваат безбедно ракување и контрола на
82

Publicidad

loading