OBJ_BUCH-2470-002.book Page 168 Monday, September 19, 2016 10:32 AM
168 | Македонски
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 3 притиснете го копчето за
фиксирање 2.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 одн. доколку
тој е блокиран со копчето за фиксирање 2, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
3 и потоа ослободете го.
3 601 EA2 08./3 601 EA2 0B./3 601 EA2 04./
3 601 EA2 00./3 601 EA2 07./3 601 EA2 001/
3 601 EA2 071:
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 3 и
држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
Заштитете ги листовите за пилата од удари.
Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен
притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина
значително го намалува рокот на употреба на
електричниот алат и му штети на електричниот апарат.
Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително
зависат од состојбата и формата на запците на листот за
пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови
за пила за делот што го обработувате.
Сечење на дрво
Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот,
квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински
или напречни резови.
При должински резови на смреки, настануваат долги,
спирални струготини.
Правта што настанува при обработка на даб и бука е
особено штетна по здравјето, затоа работете со
вшмукувач за прав.
Сечење со паралелен граничник (види слика D)
Паралелниот граничник 11 овозможува прецизни резови
по должината на делот што се обработува, како на пример
сечење на ленти со исти димензии.
Одвртете ја пеперутка завртката 8 и турнете ја скалата на
паралелниот граничник 11 низ отворот на основната
плоча 14. Поставете ја саканата ширина на сечење како
вредност на скалата на соодветната ознака за сечење 10
одн. 9, видете во делот „Ознаки за сечење". Повторно
зацврстете ја пеперутка завртката 8.
1 609 92A 2G6 | (19.9.16)
Сечење со помошен граничник (види слика E)
За обработка на големи парчиња или за сечење на прави
рабови, на делот што се обработува може да зацврстите
една даска или лајсна како помошен граничник и да ја
водите кружната пила со основната плоча по должината на
помошниот граничник.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.
Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Bosch Power Tools