OBJ_BUCH-283-014.book Page 198 Thursday, August 17, 2017 3:16 PM
198 | Македонски
– Држете го цврсто затезниот прстен 29 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 28, додека не дојде
во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто
држете го затезниот прстен 29 и вртете ја предната
чаура 28 во правец на стрелката, додека не слушнете
дека е вклопена.
– Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.
Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај,
при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува,
а сепак да не се затвора.
Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 28 во
правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори
алатот за прифат.
– Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи
13 во позиција „Дупчење".
Вадење на алатот за вметнување (види слика K)
– Држете го цврсто затезниот прстен 29 на брзозатезната
заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за
алат со вртење на предната чаура 28 во правец на
стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се
извади алатот.
Вшмукувач за прав со GDE 16 Plus (опрема)
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
За вшмукување на правта потребен ви е GDE 16 Plus
(опрема).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
1 609 92A 3XU | (17.8.17)
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
– Прекинувачот за правец на вртење 8 поставете го во
средната позиција, за да го заштитите електричниот
апарат од невнимателно вклучување.
– Наполнетата батерија ставете ја 11 од задната страна
навнатре во подножјето на електричниот алат. Целосно
вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената
линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Подесување на начинот на работа
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 13
изберете го начинот на работа на електричниот апарат.
Напомена: Променете го начинот на работа само доколку
електричниот апарат е исклучен! Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
– За да го промените начинот на работа, притиснете го
копчето за отклучување 12 и свртете го прекинувачот
за запирање на удари/вртежи 13 во саканата позиција
додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или
камен
Позиција за Дупчење без удари во дрво,
метал, керамика и пластика како и за
зашрафување/одвртување
Позиција Vario-Lock за подесување на
позицијата на длетото
Во оваа позиција, прекинувачот за
запирање на удари/вртежи 13 не се
вклопува.
Позиција за Длетување
Поставете го правецот на вртење
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 8
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е
возможно.
Тек на десно: Притиснете го прекинувачот за менување
на правецот на вртење 8 до крај во позиција
Тек на лево: Притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 8 до крај во позиција
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и
длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
.
.
Bosch Power Tools