• Идеални температури: од 0°C до 35°C за работа, -20°C до
+45°C за чување.
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага
или нечистотија, или во близина на магнетно поле.
• Се препорачува да користите адаптери за напојување од
HONOR што се наменски дизајнирани за вашиот уред или кои
било други адаптери за напојување што ги исполнуваат
барањата од Клаузулата Q.1 во IEC 62368-1/EN 62368-1.
• При полнење, адаптерот треба да биде вклучен во штекер во
близина што е лесно достапен.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го
користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за
да определите дали користењето на уредот може да влијае
врз работата на вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно –
може да ја оштетите батеријата, а тоа може да предизвика
прегревање, пожар и повреда. Сервисирањето на вградената
батерија во вашиот уред треба да го врши Honor или
овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина и
директна сончева светлина. Не ставајте ја на или во уреди за
затоплување. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не
фрлајте ја и не гмечете ја. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна
сила или притисок бидејќи тоа може да предизвика
истекување, прегревање и запалување, па дури и да
експлодира.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или
амбалажата значат дека производите и батериите треба да се
однесат во посебни места за собирање отпад одредени од
локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се
обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема
ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува
вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и
околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните
власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од
домаќинствата или посетете ја веб-локацијата
https://www.hihonor.com/.
Информации за изложеност на радиофреквенции
За земји што го прифаќаат ограничувањето за SAR од 2,0 W/kg
над 10 грама ткиво. Уредот ги исполнува спецификациите за RF
кога се користи во близина на увото или на растојание од 0,50
cm од телото. Највисока пријавена вредност на SAR: SAR на
глава: 0,82 W/kg; SAR на тело: 1,27 W/kg.
Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Honor Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред RMO-NX1 е
во согласност со следниве Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS
2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за
усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите
информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава
интернет-адреса:
https://www.hihonor.com/global/legal/certification/.
Ограничувања во опсегот од 5 GHz:
Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на
употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG, CH,
CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT,
NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI).
Фреквентни опсези и моќност
35