Descargar Imprimir esta página

Bosch GKS Professional 85 Manual Original página 178

Ocultar thumbs Ver también para GKS Professional 85:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
178 | Македонски
Ставете го адаптерот за всисување (26) на исфрлувачот
за струготини (17) додека не се вклопи. Обезбедете го
адаптерот за всисување (26) дополнително со завртка
(27).
На адаптерот за всисување (26) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm.
GKS 85 G:
Ставете го адаптерот за всисување (26) на исфрлувачот
за струготини (17) додека не се вклопи.
На адаптерот за всисување (26) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm.
Адаптерот за всисување не смее да се монтира без
u
приклучено надворешно всисување. Инаку каналот
за всисување може да се запуши.
На адаптерот за всисување не смее да се
u
приклучува ќеса за прав. Инаку системот за
всисување може да се запуши.
Заради обезбедување на оптимално всисување,
адаптерот за всисување (26) мора редовно да се чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (33) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Електричниот алат може да се приклучи директно на
приклучницата на Bosch-универзален всисувач со уред
за далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот алат.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
Работа
Начини на работа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Подесување на длабочината на сечење (види слика D)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (28). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (14), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
(14). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (28).
Затезната сила на затезната рачка (28) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (28) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
1 609 92A 4PY | (22.11.2018)
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (1).
Олабавете ги пеперутка-завртките (16) и (8). Навалете ја
пилата странично. Саканата димензија подесете ја на
скалата (6). Повторно затегнете ги пеперутка-завртките
(16) и (8).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (29).
Ознаки за сечење
45
0
Ознаката за сечење 0° (9) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење. Ознаката за
сечење 45° (10) ја прикажува позицијата на сечилото за
пила при сечење под 45°.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните алати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (3) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја
ограничува јачината на струјата при вклучување на
електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од
16‑A.
45
0
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gks professional 85 g3 601 e7a 03 601 e7a 9